- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
ПОРТО – ЛИСАБОН – МАДРИД
07.04.2027 – 12.04.2027
1 ден
Директен лет Скопje – Мадрид.Собирање на групата 2 часа пред време за лет на аеродром. Поаѓање од Скопje во 17:05часот. Пристигнување во Мадрид во 20:55 часот. Поаѓање за Саламанка. Пристигнување во Саламанка. Сместување и ноќевање во хотел.
2 ден
Појадок во хотел. Заминување за Порто. Патувањето трае 4 часа Попладне, разглед на главните споменици на Порто: Ribeira и Bolhão – историски населби, , Livraria Lello – позната книжарница, , посета на железничката станица Sao Bento со прекрасните сино бели мозаици од 20.000 традиционални португалски плочки Azulejos ,Dom Luís I Bridge мостот и Cais da Ribeira – главното пристаниште кое изобилува со голем број на винарии. Ноќевање во хотел во околината Порто.
3 ден
Појадок во хотел.Поаѓање за Лисабон. Патуванњето трае околу 4 часа. Посета на Praça Marquês de Pombal – централен плоштад посветен на обновителот на градот по земјотресот, и Avenida da Liberdade – главна авенија со луксузни продавници и хотели. Продолжување кон Praça dos Restauradores, плоштад кој ја симболизира независноста на Португалија, и Praça do Rossio, едно од најживописните места во историското јадро.Посета на Praça do Comércio, монументален плоштад покрај реката, и прошетка по пешачката улица Rua Augusta, срцето на трговскиот и туристичкиот дел на градот. Прошетка низ квартот Baixa, познат по својата уредена мрежа од улици и неокласична архитектура. Поглед кон Elevador de Santa Justa (однадвор) – историски лифт кој ги поврзува долниот и горниот дел на градот.Слободно време во попладневните часови. Пријавување и ноќевање во хотелот.
4 ден
Појадок во хотел. . Посета на главните знаменитости на Лисабон, како што се: Torre de Belém – симбол на големите поморски откритија, Padrão dos Descobrimentos – споменик посветен на португалските морепловци, Mosteiro dos Jerónimos – импресивен манастир под заштита на УНЕСКО, Ponte Vasco da Gama, како и Oceanário de Lisboa – еден од најголемите аквариуми во Европа.. Слободно време за прошетка по шеталиштето покрај реката Rio Tejo или за шопинг во трговскиот центар Centro Comercial Vasco da Gama. Враќање и ноќевање во хотелот.
5 ден
Појадок во хотелот. Рано заминување за Мадрид. Патувањето трае околу 7 часа со кратки паузи по патот. Пристигнување во Мадрид. Следува разглед на главните знаменитости на градот., Parque del Retiro – најголемиот и најпознатиот градски парк, музејот Prado ( однадвор) .Продолжување кон Plaza de España – еден од најзначајните плоштади во Мадрид, Puerta del Sol – географското и симболично срце на Шпанија, . Посета на, Plaza Mayor – историски плоштад опкружен со традиционални градби, како и Teatro Real (Plaza de la Ópera) – главната оперска куќа на градот.. Сместување во хотел. Ноќевање.
6 ден
Појадок во хотелот. Посета на познатиот булевар Gran Vía – центар на шопинг и забава каде ќе има слободно време за шопинг во некој од познатите галерии . Продолжуваме со посетна на стадионот Сантијаго Бернабеу ( однадвор ) на фудбалскиот клуб Реал Мадрид.. Поаѓање до аеродромот во Мадрид. Директен лет Мадрид – Скопје. Поаѓање од Мадрид во 21:40часот. Пристигнување во Скопјe во 01:.05 часот.
ЦЕНА: 599€ ( 37 138 ден )
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио билет на релација Скопје – Мадрид – Скопје со Wizzair
( седиштата во авион се чекираат по случаен избор ) - Аеродромски такси
- Бесплатен багаж ранец со димензии 40x30x20 cm
- 5 ноќевања со појадок, 1 ноќ Саламанка . 1 ноќ Порто , 2 ноќи Лисабон и 1 ноќ во Мадрид.
- Организиран транспорт во текот на целото патување
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и придружник од агенција на македонски јазик за време на целото патување.
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник
Важна напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 170 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците





There are no comments yet.