+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

Цирих- Базел – Женева

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Цирих- Базел – Женева 27.03.2027 – 30.03.2027 1 ден Директен лет од Скопје до Базел. Поаѓање во 06:45 часот. два часа пред време за лет состанок на групата на аеродром Скопје.  Пристигнување во 09:05 часот.. Панорамски разглед на Базел, мостот Wettsteinbrücke   преку реката Рајна што тече низ градот. Застанување во близина на Музејот на уметноста...

Опис на патувањето

Цирих- Базел – Женева
27.03.2027 – 30.03.2027

1 ден
Директен лет од Скопје до Базел. Поаѓање во 06:45 часот. два часа пред време за лет состанок на групата на аеродром Скопје.  Пристигнување во 09:05 часот.. Панорамски разглед на Базел, мостот Wettsteinbrücke   преку реката Рајна што тече низ градот. Застанување во близина на Музејот на уметноста во градот од каде што започнува прошетката која се прави пеш за да се разгледа средновековниот стар град Базел, катедралата од 11 век, која се нарекува Münster и централниот плоштад каде што се наоѓа и импресивното градско собрание. Сместување во хотел.Ноќевање. 

2 ден
Појадок. Тргнување за Цирих, патувањето трае 1,5 часа Разглед на градот, од главниот плоштад кадешто се наоѓа Операта. Пешачка тура со поминување до Rathaus, Grossmünster и Fraumünster и  Peterkirche .  Поаѓање за Луцерн, патувањето таре околу 1 час. Луцерн е познат уште како градот на Мостовите, и тука се гледаат најпознатите знаменитости – мостот Kappelbrücke, стариот град, црквата  St. Leodegar. Попладне заминување за Берн , главниот град на Швајцарија. , патувањето трае околу 1,5 часа. Во Берн се посетува стариот град кој е под заштита на Унеско , градското собрание, градската катедрала, местото каде што била куќата на Алберт Ајнштајн. саат кулата позната како Zytglogge. Поаѓање за Интерлакен, се патува околу 1 час. Сместување и ноќевање во хотел.

3 ден
Појадок.  Интерлакен е убав град кој се наоѓа помеѓу две езера. разглед на стариот град, прошетка по главната улица и плоштадот. Прошетката завршува во паркот Hohëmatë. Заминување за Лозана. патувањето трае околу 1 час. Овој град е познат како главниот град на Олимписките игри, и разгледот започнува пред Олимпискиот музеј, потоа се посетува стариот град и плоштадот. Попладне се тргнува за Женева. Патувањето трае околу 2,5 часа. Женева познат како главниот град на часовниците. Посета на Англиските градини каде што може да се види Цветниот саат. потоа се посетува стариот град, катедралата St. Peter, Reformers’ Wall, градското собрание, прошетката завршува кадешто се наоѓаат интернационалните организации – Обединетите Нации.Ноќевање. 

4 ден
Појадок. Слободно предпладне. Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел – Скопje. Поаѓање во 14:05 часот. Пристигнување во 16:15 часот.

ЦЕНА: 489€ ( 30 318 ден )
Во цената се вклучени следниве услуги: 

·          Авионска карта на релација Скопје – Базел со Wizz Air ( седиштата во авион се чекираат по случаен избор )
·          Аеродромски такси
·         Рачен бесплатен багаж 40x30x20 cm
·          3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
·          Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
·          Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
·          Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој

Во цената не се вклучени следниве услуги: 

·          Сѐ што не е наведено во програмата
·          Влезници за во објектите и културно-историски споменици
·          Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник.

Важна напомена:

1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Туристичка такса

Цирих- Базел – Женева 27.03.2027 – 30.03.2027 1 ден Директен лет од Скопје до Базел. Поаѓање во 06:45 часот. два часа пред време за лет состанок на групата на аеродром Скопје.  Пристигнување во 09:05 часот.. Панорамски разглед на Базел, мостот Wettsteinbrücke   преку реката Рајна што тече низ градот. Застанување во близина на Музејот на уметноста...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Цирих- Базел - Женева

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *