+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

МАДРИД

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
МАДРИД 04 декември     (петок) СКОПЈЕ – МАДРИД Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:15 часот. Лет за Мадрид W6 4815 во 17:15ч. Пристигнување во Мадрид во 21:10 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање. 05 декември     (сабота)     МАДРИД (панорамски разглед) Појадок. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален...

Опис на патувањето

МАДРИД

04 декември     (петок) СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:15 часот. Лет за Мадрид W6 4815 во 17:15ч. Пристигнување во Мадрид во 21:10 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање.

05 декември     (сабота)     МАДРИД (панорамски разглед)
Појадок. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич: Мадрид е основан од Арапите во 9 век за да служи како одбрана за тогашниот главен град на Шпанија – моќниот Толедо. Два века подоцна, бил освоен од христијаните, а во 1561 година, поради одличната положба, кралот Филип II го направил свој главен град. Денес, Мадрид е космополитски главен град на традицијата и забавата. Град на уметнички галерии и музеи исполнети со богатства од шпанската историја: Прадо, најважниот музеј во Шпанија; Реина Софија, уметнички музеј од 20 век, во кој, меѓу другото, се наоѓа и познатата „Герника“ на Пикасо; Музејот Тисен – Борнемица, кој ја претставува историјата на западната уметност, од италијанската и фламанската до експресионизмот и поп-артот. Шпанскиот плоштад, со масивен обелиск посветен на писателот Сервантес и ликовите од неговиот познат роман „Дон Кихот“. Гран Виа, главната сообраќајна артерија на модерен Мадрид, фантастичен пример за архитектурата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век во кој можете да го видите хронолошкиот развој на градот до модерните солитери. Оваа улица е и моден центар со бројни мегапродавници. Египетскиот храм Дебод од 2 век п.н.е., кој државата Египет ѝ го подарила на Шпанија како знак на благодарност за помошта во спасувањето на други споменици. Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа. Пуерта дел Сол или Порта на Сонцето, плоштад на кој доминира големата статуа на исправена мечка потпрена на дрво, што е заштитен знак и симбол на градот. Пуерта де Алкала или Триумфална порта, катедралата Алмудена…Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

06 декември     (недела)    МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. Можност за факултативна екскурзија до Толедо (околу 70 км), градот на музеите, некогашен главен град на Шпанија, кој е под заштита на УНЕСКО. Велат дека во Шпанија има позначајни и поубави места, но ниту едно не е поромантично и поживописно од Толедо. Со цел да се овековечи бајковитиот поглед на овој град во кој доминира стилот познат во Шпанија како „платареск“, комбинација од готика и ренесанса карактеризирана со разиграни декорации на столбовите и фризовите на зградите. Панорамски разглед на: Катедралата, некогашно седиште на католичките кралеви; манастирот Сан Хуан де лос Рејес од крајот на 15 век кога поголемиот дел од еврејското население било протерано од Толедо, потоа имало 11 активни синагоги, денес преостанатите две се претворени во музеи, Синагогата дел Транзито и Санта Марија ла Бланка попозната како „белата“ синагога, црквата Св.Тома, во која се наоѓа ремек-делото на Ел Греко „Погребувањето на грофот од Оргас“. Враќање во Мадрид. Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на Фламенко шоу во едно од попознатите мадридски таблао-a. Ноќевање.

07 декември (понеделник)     МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок. Појадок. Одјава од хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Мадрид. Ви предлагаме да го посетите музејот Прадо, кој е еден од најбогатите музеи во светот, со најдобрата колекција на дела од познати шпански уметници: Ел Греко, Гоја, Веласкез… Прошетка по најпопуларната улица во Мадрид, Гран Виа. Улица е полна со клубови, ресторани, продавници за облека, театри и кина. Гран Виа се смета за Бродвеј на Шпанија. Можност за посета на кралската палата, со својата импресивна и елегантна архитектура, со години е резиденција на кралското семејство. Паласио де Ориенте, со други зборови, е чувана од кралската гарда и денес се користи за државни церемонии и приеми… Трансфер до аеродромот во Мадрид во 19:00ч. Лет за Скопје W6 4816 во 21:55ч. Пристигнување во Скопје во 01:25 часот, наредниот ден 08.12.2026 рано наутро.

Цена на аранжманот: 485€ (30.070мкд)
Во претпродажба за ограничен број на места: 435 € (26.970мкд) со вклучен разглед на градот

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Мадрид – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во Мадрид, Хотел Gran Legazpi 3* – 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на Мадрид со локален водич и организиран превоз
– Рачна торба торба (20x40x30cm), до 10кг.
– Oрганизирани трансфери во Мадрид: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Здравствено – патничко осигурување
– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
– Факултативна посета на Толедо со локален водич и трансфер – 75€
– Доплата за 1/1 соба – 105€
– Билети за превоз со метро
– Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници

МАДРИД 04 декември     (петок) СКОПЈЕ – МАДРИД Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:15 часот. Лет за Мадрид W6 4815 во 17:15ч. Пристигнување во Мадрид во 21:10 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање. 05 декември     (сабота)     МАДРИД (панорамски разглед) Појадок. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    МАДРИД

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *