+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

КРАКОВ

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
КРАКОВ 04.12.2026 СКОПЈЕ – КРАКОВ Состанок на групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење. 05.12.2026 КРАКОВ Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед на градот со автобус и пешачки дел. Разглед...

Опис на патувањето

КРАКОВ

04.12.2026 СКОПЈЕ – КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

05.12.2026 КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед на градот со автобус и пешачки дел. Разглед на Еврејскиот дел Казимерц…Стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Дворецот Wawel, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица, Сместување во хотел. Ноќевање.

06.12.2026 КРАКОВ – WAWEL – ВЕЛИЧКА
Појадок. По појадокот одиме на посета на Готскиот Дворец Вавел, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, и се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Потоа, факултативна посета на рудникот за сол Величка (најстар рудник во Европа) импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сол како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 135 метри под нивото на земјата.Враќање во Краков. Слободно време за посерта на Божиќен пазар… За време на Божиќните празници, Краков блеска во својот најубав сјај… Историскиот центар, калдрмисаните улици и величествените градби се украсени со илјадници светилки, новогодишни елки и празнични украси, создавајќи незаборавна атмосфера.Во срцето на градот, на Главниот плоштад (Rynek Główny), се одржува еден од најубавите Божиќни маркети во Европа. Дрвените куќички нудат рачно изработени сувенири, традиционални полски украси, мирисни колачи, топло греено вино и познатите полски специјалитети. Празничната музика, уличните настапи и светлосните декорации го прават секој момент исполнет со вистинска божиќна магија.Прошетајте покрај величествената Базилика Света Марија, посетете ја историската Сукенице (Cloth Hall)и уживајте во романтичната атмосфера на еден од најубавите средновековни градови во Европа.Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.

07.12.2026 КРАКОВ –– ВАРШАВА
Појадок. Предлагаме целодневна посета на Варшава – град каде историјатаи модерниот живот се спојуваатво едно.Главниот град на Полска, е град со богата историја, величествена архитектура и динамичен современ дух. Иако речиси целосно разрушена за време на Втората светска војна, денес е обновена со неверојатна прецизност и гордо го носи статусот на еден од најубавите европски градови.При разгледот ќе прошетате низ шармантниот Стар град, кој е под заштита на УНЕСКО, ќе го видите Кралскиот замок, живописниот Плоштад на замокот, статуата на Сирената – симболот на Варшава, како и прекрасниот Пазарен плоштад со неговите колоритни фасади и бројни кафулиња.Панорамскиот разглед продолжува покрај модерните булевари, Палатата на културата и науката, елегантните паркови и значајните споменици кои ја раскажуваат богатата историја на градот. Варшава ќе ве воодушеви со својот спој на традиција, култура и современ урбан живот.Град кој успеал повторно да се издигне, денес нуди незаборавно искуство, прекрасни глетки и автентична атмосфера што секој патник треба да ја доживее.Слободно попладне за индивидуални прошетки, шопинг и посета на Божичен пазар. Историскиот Стар град, украсен со илјадници светилки, новогодишни елки и празнични декорации, создава топла и незаборавна божиќна атмосфера.На Божиќните маркети ќе уживате во шарени дрвени куќички исполнети со рачно изработени подароци, традиционални полски сувенири, мирис на печени колачиња, цимет, топло греено вино и познатите полски специјалитети. Празничната музика, уличните настапи и светлосните украси го прават секој чекор низ Варшава вистинско празнично доживување.Прошетајте низ живописниот Стар град, плоштадот околу Кралскиот замок и прекрасните украсени улици, каде секој агол изгледа како разгледница. Вечерните часови се особено магични, кога целиот град блеска во празничен сјај.Враќање во Краков. Ноќевање.

08.12.2026 КРАКОВ –– Шиндлеровата фабрика
Плоштадот Bohaterów Getta, Плоштадот Zgody место каде 1941 бил претворен во Краков Гето…место каде се заробети Евреите и пратени во Логори. Денес на тоа место се пставени 70 метални столици во знам на сеќавање на настраданите…Посета на Шиндлеротавата фабрика (факултативно)..Во музејот е претставен  животот на евреите во Краков, пред и за време на војната, може да се види зидот на Краковско Гето, продавници, фризерски салони, фотографии, трамвајот со ознака “Забрането за Евреи”, Шиндлеровата канцеларија со стаклена коцка во која се наѓаат садовите, списокот на спасените евреи и уште многу од тоа…По посета на Шиндлеровата Фабрика заминуваме за Македонија…09.12.2026 КРАКОВОчекувано пристигнување во Македонија на паркингот сптоти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.

Цена на аранжманот за резервации до 31.10.2026: 239€ (14.820 ден.
Редовна цена: 259€ (16.060 ден.)
Аранжманот вклучува:
  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во Хотел во Краков на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Краков
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Не е вклучено:
  • Патничко осигурување 250 ден.
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден
  • Факултативна посета на рудникот за сол Величка 45€ (пријавување и уплата во агенција)
  • Факултативна посета на Готскиот дворец Вавел 20€
  • Посета на Шиндлеровата Фабрика 40€ (пријавување и уплата во агенција)
  • Целодневна посета на Варшава – 60€
  • Вечера во национален ресторан – 50€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 210€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
КРАКОВ 04.12.2026 СКОПЈЕ – КРАКОВ Состанок на групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење. 05.12.2026 КРАКОВ Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед на градот со автобус и пешачки дел. Разглед...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    КРАКОВ

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *