+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

ЉУБЉАНА-11.10.2026

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ЉУБЉАНА 09 октомври (петок) СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 15:30 часот. Поаѓање за Љубљана во 18:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Хрватска, со попатни застанувања и одмори. 10 октомври (сабота) ЉУБЉАНА Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Прешерновиот и Рибниот плоштад, Тромостовјето, Универзитетот, Робовата фонтана, Змејскиот...

Опис на патувањето

ЉУБЉАНА

09 октомври (петок) СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА
Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 15:30 часот. Поаѓање за Љубљана во 18:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Хрватска, со попатни застанувања и одмори.

10 октомври (сабота) ЉУБЉАНА
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Прешерновиот и Рибниот плоштад, Тромостовјето, Универзитетот, Робовата фонтана, Змејскиот мост… Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во попладневните часови, можност за факултативно крстарење по реката Љубљаница низ стариот дел од градот. Ноќевање.

11 октомври 
(недела) ЉУБЉАНА – БЛЕД – БОХИЊ
Појадок.
Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Љубљана, или ден за факултативен излет до езерата Блед и Бохињ. Бледското езерото-бисерот на словенечките Алпи, обиколено со високите планински масиви, карактеристично е и по малиот остров на кој е изградена црквата посветена на Света Марија. Можност за индивидуални прошетки крај езерото, посета на бледската тврдина со прекрасен поглед кон езерото и околината, како и дегустација на познатата локална кремпита. Излетот продолжува кон Националниот парк Триглав и посета на Бохињскоро езеро. Ова планинско езеро е воедно и најголемото природно езеро во Словенија. Враќање во Љубљана во вечерните часови. Ноќевање.

12 октомври (понеделник) ЉУБЉАНА – ПОСТОЈНА – СКОПЈЕ
Појадок.
Заминување од хотелот и градот кон прочуената Постоjинска јама. По пристигнувањето во Јамскиот град, разглед на величествениот Предјамски дворец изграден врз 123м. високата карпа, врз кој опстојува повеќе од 700 години. Неговиот романтичен изглед го дополнува и рекичката Локва која под дворецот понира во подземјето. По разгледот на дворецот, посета и на Постоjинската јама – една од најпознатите пештери во светот. Долга 24 км и исполнета со прекрасни пештерски украси од сталагмити и сталактити, таа се’ уште го чува живиот пештерски свет, како и трагите од некогашниот човечки живот во неа. Низ големиот број на пештерски сали и ходници, разгледот се реализира со електричен воз. Бидејќи температурата во јамата преку цела година е 10°C, препорачуваме во неа да се понесе и потопла гардероба. Заминувањето од Постојна е во попладневните часови. Патот кон Македонија води преку Хрватска и Србија со попатни паузи и одмори. Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 180 € (11.160,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативен излет до Блед и Бохињ 35 €
– Влезници за дворецот и пештерата во Постојна (при уплата во агенцијата)
– Патничко здраствено осигуривање (информации во агенцијата)

Напомени: 
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валидна лична карта или биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување

ЉУБЉАНА 09 октомври (петок) СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА Состанок на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 15:30 часот. Поаѓање за Љубљана во 18:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Хрватска, со попатни застанувања и одмори. 10 октомври (сабота) ЉУБЉАНА Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Прешерновиот и Рибниот плоштад, Тромостовјето, Универзитетот, Робовата фонтана, Змејскиот...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ЉУБЉАНА-11.10.2026

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *