- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
Атина
09 октомври (петок) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
10 октомври (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Вечерта, можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
11 октомври (недела) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
12 октомври (понеделник) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и нејзините прочуени манастири. Изградени над камените карпи над градчето Каламбака, тие се воедно и едни од најпознатите христијански монашки центри во светот. Можност за посета на некој од отворените манастири, тамошните цркви, музеи и сувенирници. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 160€ (9.920 мкд) со вклучени 2 разгледа (Атина и Метеори)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед на Атина и Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за Акропол – околу 30€ (цената е променлива)
– Влезници за Микена – околу 20€ (цената е променлива)
– Влезници за Епидаурус – околу 20€ (цената е променлива)
– Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 € по лице
– Патничко здраствено осигуривање
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници





There are no comments yet.