+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

Виена и Братислава

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Виена и Братислава 05. Декември  (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА –  ВИЕНА Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување за Братислава во 20:40 и слетување во 22:15 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање. 06. Декември  (Недела) ВИЕНА Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден...

Опис на патувањето

Виена и Братислава

05. Декември  (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА –  ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување за Братислава во 20:40 и слетување во 22:15 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.

06. Декември  (Недела) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за шопинг по познатата улица Mariahilferstrasse, посета на некое од виенските кафулиња и уживање во “melange” кафе и Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската” виенска шницла и Пилснер пиво. Посета на божиќниот Базар, да се осети празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадеми, слатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца, божиќни подароци,  весела музика. Ноќевање.

07. Декември  (Понеделник) ВИЕНА
Појадик. Факултативно, пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател… Посета на Пратер-најстариот забавен парк во светот кој зафаќа површина од 6 милиони квадратни метри. Денес тоа е задолжителна станица за туристите кои ја посетуваат Виена со околу 4,2 милиони посетители годишно. Се вели дека Пратер е место каде што се среќаваат културата и архитектурата, традицијата и иновациите. Забавен парк, носталгично место, оаза на зеленило и локацијата на „Големото тркало“, еден од најголемите симболи на Виена. Слободно време за ручек и уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Не го пропуштајте божиќниот базар! Ноќевање.

08. Декември  (Вторник) ВИЕНА -БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Братислава со попатна посета на Парндорф најголемиот шопинг центар во Австрија.  Разглед на Братислава: пpосета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Посета на традиционалниот божиќниот базар и можност да го пробате божиќниот бургер „Циганска„ и да уживате пиејќи ароматично греено вино. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20:50 и слетување во 22:20 часот.

За уплата до 31.10: 569 евра  (35.280 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  629 евра   (39.000 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
– Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно
– Сместување во “Club Hotel Cortina” 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
– Разглед на Виена со локален водич според програмата
– Разглед на Братислава според програмата
– Посета на шопинг центар Пардорф
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Пешачка прошетка со водич во Виена 20 евра
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг  *(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поѓање)
– Туристичка такса 980 денари (се плаќа во Агенција)
– Посета на Шенбрун 55 евра (трансфер, влезница, водич)
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 10.200 денари
– Дете од 2 до 5 год. плаќа 330 евра, дете од 5 до 12 год. плаќа 360 евра.

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Виена и Братислава 05. Декември  (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА –  ВИЕНА Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување за Братислава во 20:40 и слетување во 22:15 часот. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање. 06. Декември  (Недела) ВИЕНА Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Виена и Братислава

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *