+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

ТАЈЛАНД-11.10.2026

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ТАЈЛАНД ДЕН 1: СКОПЈЕ – БАНГКОК Состанок на аеродромот во Скопје во вечерните часови. Лет за Тајланд со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Ноќен лет. ДЕН 2: БАНГКОК Пристигнување во Бангкок во попладневните часови. По завршување на царинските формалности трансфер со автобус до хотелот. Слободна вечер. Ноќевање. ДЕН 3: БАНГКОК – “Градот на ангелите”...

Опис на патувањето

ТАЈЛАНД

ДЕН 1: СКОПЈЕ – БАНГКОК
Состанок на аеродромот во Скопје во вечерните часови. Лет за Тајланд со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Ноќен лет.

ДЕН 2: БАНГКОК
Пристигнување во Бангкок во попладневните часови. По завршување на царинските формалности трансфер со автобус до хотелот. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 3: БАНГКОК – “Градот на ангелите”
Појадок. Заминување на целодневен разглед на знаменитостите на Бангкок. Претпладне: Посета на Wat Phra Kaew (Храмот на Смарагдниот Буда) и Големата палата (Grand Palace) – архитектонско ремек-дело и поранешна кралска резиденција. Посета на Wat Pho (Храмот на лежечкиот Буда) каде се наоѓа импозантната статуа долга 46 метри. Ручек во локален ресторан. Попладне: Возење со традиционален „long-tail” чамец низ каналите (khlongs) на Бангкок, познат како „Венеција на Истокот”. Разглед на автентичните куќи изградени на столбови, пазарите и храмовите долж каналот. Посета на Wat Arun (Храмот на зората) на брегот на реката Чао Праја, со извонредна архитектура и прекрасен поглед на реката и градот. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 4: БАНГКОК – Пловечки пазар и пазарот на пруга
Појадок. Посета на светски познатиот Damnoen Saduak пловечки пазар (100 км од Бангкок). Искусете ја трговијата од чамци, гужвата и вревата на традиционалниот тајландски пловечки пазар. Посета на локална фарма за тропско овошје. Ручек со мени од традиционална тајландска кујна. Посета на уникатниот Maeklong пазар, кој се наоѓа директно на активна железничка пруга, каде што продавачите ги собираат тезгите додека поминува возот. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 5: БАНГКОК – ПУКЕТ
Појадок. Заминување од хотелот, трансфер до аеродромот во Бангкок за летот кон Пукет. Пристигнување во Пукет и трансфер до хотелот. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 6: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на целодневна факултативна екскурзија со глисер до островите во заливот Phang Nga. Посета на островот Panak и пештерите Bat Cave, I-Tim Cave и Diamond Cave. Кајакарење во заливите на островот Hong. Ручек во пловечкото село Koh Panyee. Разглед на Koh Tapu познат како сцена од James Bond филмот “The Man with Golden Gun”. Време за пливање и релаксирање на плажа на островот Naka. Попладне враќање во Пукет. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 7: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на целодневна факултативна тура по полуостровот Пукет. Посета на местата со најубава панорама како Karon View Point, Kata View Point и Promthep View Point. Посета на Wat Chalong, најпознатиот храм на Пукет, и стариот дел на градот (Old Town) со неговата специфична архитектура. Враќање на хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 8: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на целодневен факултативен излет до Phi Phi Островите. Релаксирање и пливање во лагуната Pileh. Забава со скокови од глисер во смарагдната лагуна опкружена со варовнички карпи. Ручек во ресторан покрај плажа на островот Phi Phi Don Island (заливот Ton Sai) и слободно време на плажа. Заминување до Monkey Beach, а потоа разгледување на пештерата Викинг. Време за уживање во фотографирање, пливање и нуркање. Пристигнување на островот Khai Nai, релаксирање на белата песочна плажа или пливање. Враќање во Пукет. Ноќевање.

ДЕН 9: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на полудневен факултативен излет до резерватот за заштита на слонови. Посета на Phuket Elephant Care во Наитон и уживање во кафе и чај, вклучувајќи и закуски. Вовед во напреден еко туризам од туристичките водичи кои ја чуваат природата. Учество во подготовка на ориз на локален начин и подготовка на овошје, зеленчук и здрави топчиња од билки за слоновите. Хранење на слоновите со сезонско овошје. Миење на нивната кожа со кал и бањање во река. Автентичен ручек во тајландски стил со домашни тајландски закуски. Изработка на сувенир. Враќање во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

ДЕН 10: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор и уживање на плажите на Пукет. Ноќевање.

ДЕН 11: ПУКЕТ – БАНГКОК – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Пукет, лет до Бангкок. Полетување од Бангкок за Скопје со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
1.790
€    (Специјална понуда во претпродажба)
1.890 €   (Редовна цена)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски билет: На релација Скопје-Бангкок-Скопје со TURKISH AIRLINES.
• Домашен лет од Бангкок – Пукет – Бангкок (20 кг + 7 кг пријавени торби)
• Транспорт: Превоз со климатизиран туристички автобус.
• Сместување (9 ноќевања) по лице во двокреветна соба:
Rembrandt hotel Bangkok, 3 ноќевања со појадок,
The Charm Resort Phuket , 6 ноќевања со појадок,
• Сите тури и трансфери наведени во програмата, кои не се означени како факултативни.
• План на оброци како што е наведено во програмата.
• Водич: Локален водич на англиски јазик за време на турите и трансферите.
• Влезници: Вклучени влезници за сите локалитети наведени во програмата.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативните излети и екскурзии, и услуги во сопствена режија на патниците.
• Дополнителни пијалаци за време на вечерите во хотелите или факултативните излети.
• Доплата за еднокреветна соба 430 ЕУР.
• Бакшиш (Препорачано: 3 американски долари по лице на ден).
• Задолжително патничко осигурување
• Туристичка виза: може да посредува агенцијата.

НАПОМЕНИ:
• Цените се дадени по лице во евра за уплата во денарска противвредност.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
• За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници

ТАЈЛАНД ДЕН 1: СКОПЈЕ – БАНГКОК Состанок на аеродромот во Скопје во вечерните часови. Лет за Тајланд со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Ноќен лет. ДЕН 2: БАНГКОК Пристигнување во Бангкок во попладневните часови. По завршување на царинските формалности трансфер со автобус до хотелот. Слободна вечер. Ноќевање. ДЕН 3: БАНГКОК – “Градот на ангелите”...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ТАЈЛАНД-11.10.2026

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *