+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

ПРАГА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Прага / Дрезден / Виена – Божиќен маркет 04.12 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 05.12 (сабота) ПРАГА Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на...

Опис на патувањето

Прага / Дрезден / Виена – Божиќен маркет

04.12 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

05.12 (сабота) ПРАГА
Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на Стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 часа. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.

06.12 (недела) ДРЕЗДЕН
По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана.Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој ќе ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18век (светски пример за барокна архитектура), Катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса….. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време.Вечерта индивидуална можност за посета на Прага и божиќните маркети. Ноќевање.

07.12 (понеделник) Виена
По појадокот, следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  PARNDORF. Слободно време за шопинг околу 2 часа. Потоа следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом) и секако божиќните маркети.Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје на 08.12 во вторник во пладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА 189 евра со задолжителна резервација на пакет факултативите 80 евра (редовна цена 85евра).
Редовна цена 219евра по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања во хотел Amedia Express 3* со појадок во Прага (ЛИНК ОД ХОТЕЛ)
  • автобуски превоз на дадената релација
  • Посета на Виена
  • Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Организација и водство на програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со водич – 15евра
  • Крстарење по реката Влтава – 25евра
  • Посета на Дрезден – 45 евра
  • Задолжителна доплата за туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
  • Задолжително патничко осигурување-350 денари
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
Прага / Дрезден / Виена – Божиќен маркет 04.12 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 05.12 (сабота) ПРАГА Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ПРАГА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *