- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
ИСТАНБУЛ – 3 ноќи
ПРВ ДЕН 30.12.2026 – ( СРЕДА ) – ПОАЃАЊЕ
Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.
ВТОР ДЕН 31.12.2026 – ( ЧЕТВРТОК ) – ПЕШАЧКА ТУРА И ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД
Пристигнување на групата во Истанбул.Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување (околу 10ч.)патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бејазид II.Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа.
Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.Во договорено време, се враќаме во хотел. Слободно време за одмор и подготвување за Новогодишната прослава.
ТРЕТ ДЕН 01.01.2027 ( ПЕТОК ) – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, БАЛАТ И ТАКСИМ
Појадок. Слободно време. Во 12 часот започнуваме со факултативи.
Крстарење по Босфор-Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истиклал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.
ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01.2027 ( САБОТА ) – ПОСЕТА НА ЈИЛДИЗ ПАЛАТАТА & ОРТАЌОЈ
Појадок. Слободно време. Во 12 часот започнуваме со факултативи.
Палатата Јилдиз
Палатата се наоѓа во населбата Бешикташ,на европската страна од Истанбул,во комплекс опкружен со зеленила,градини и историски павилјони.Оваа палата почнала да се развива за времето на султанот Селим III,но најмногу се проширила за време на султанот Абдулхамид II,тој ја користел Јилдиз како главна резиденција и од неа ја водел државата 33г.Палатата не било само место на живеење на султанот тука и голем комплекс со административни згради,приватни простории,работилници,библиотека,театар и прекрасни градини.Интересно е што Јилдиз бил последниот голем палатски комплекс изграден од Отоманската Империја
Ортаќој (околу 16ч.)
Претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.
ПЕТТИ ДЕН 03.01.2027 ( НЕДЕЛА ) – ПОСЕТА НА ФАБРИКА КОСКА, АУТЛЕТ 212 И ВРАЌАЊЕ КОН МАКЕДОНИЈА
По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.По шопингот, поаѓање кон Македонија.Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
ПРОМО ЦЕНА: 169€
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок;
- Автобуски превоз;
- Лиценциран туристички водич;
- Посета на Капали Чаршија;
- Посета на турската продавница ,,Коска”
- Шопинг во 212 аутлет трговски центар;
- Туристичка такса;
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко осигурување;
- Факултативни излети;
- Индивидуални трошоци;
СМЕСТУВАЊЕ:
Сместувањето е во хотел со 3★ во областа на Аксарај & Лалели .
Хотелите се наоѓаат во непосредна близина до Капали Чаршија.
За оваа програма сместувањето би било во повеќе хотели.
Аранжманот е на база на вклучен појадок.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР,БАЛАТ & ТАКСИМ
ЦЕНА НА ПАКЕТ: 50€ ПО ЛИЦЕ
- ПАЛАТАТА ЈИЛДИЗ & ОРТАЌОЈ
ЦЕНА НА ПАКЕТ: 30€ ПО ЛИЦЕ
- ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД НА БОСФОР
ЦЕНА НА ПАКЕТ: 100€ ПО ЛИЦЕ
Во овој пакет е вклучено:
- Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење;
- Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
- Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
- Организирани и резервирани конопои за секој гостин
- Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
- Вклучена храна за време на забавата
- Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
- Професионално фотогафирање + Можност за купување на пијалоци по најниска цена
ВАЖНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ
При самата резервација, задолжително изјаснување на патникот за присуство на новогодишна забава.
Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплаќа 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.





There are no comments yet.