+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

БУДВА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
БУДВА-ТРЕБИЊЕ-ТИВАТ-КОТОР-БАР 1 ден: 30.12.2026 год. Поаѓање за Будва од Струмица 20.00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори. 2 ден: 31.12.2026 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување....

Опис на патувањето

БУДВА-ТРЕБИЊЕ-ТИВАТ-КОТОР-БАР

1 ден: 30.12.2026 год. Поаѓање за Будва од Струмица 20.00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2026 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Улиците и плоштадите на Стариот град Будва се сеќаваат на човечките стапки од пред повеќе од 2000 години. Многу култури се вкрстиле на овој мал карпест полуостров и секоја од нив оставила свој запис како свој белег, опкружен со ѕидини од венецијанската ера. Оваа област е идеална за прошетка низ тесните, камени улички кои зрачат со шарм на некои минати времиња, а што се однесува до знаменитостите, не заборавајте да ја посетите Цитаделата – најважната градба на Стариот град која датира од средниот век. Внатре во Цитаделата можете да посетите мал музеј со експонати поврзани со историјата на градот и да уживате во спектакуларен поглед на Будва и Јадранското Море од врвот на тврдината. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и  новогодишен концерт на Жељко Јоксимовиќ. Ноќевање.  

3 ден: 01.01.2027 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Требиње преку Тиват со траект. “Градот на сонцето и платаните”, сместен под планината Леотар во долината на реката Требишњица, која тече низ самиот град. Посета на туристичкиот комплекс Херцеговачка Грачаница, од каде што можете да уживате во незаборавен поглед на целиот град. Црквата посветена спрема Пресвета Богородица е реплика на црквата Грачаница во Косово и е едно од најубавите места за фотографирање. Место поврзано со желбата на познатиот поет Јован Дучиќ да почива во неговиот роден крај. А Требиње, бајковитиот град бил културен и духовен центар на Источна Херцеговина низ историјата. Стариот историски центар ни раскажува за богатото и бурно минато од времето на Илирите, Римјаните, Словените, Турците и Австроунгарците каде сите овие народи оставиле свој белег во архитектурата, обичаите и начинот на живот кој ги воодушевува посетителите.  Покрај реката Требишњица и нејзините мостови ( мостот Арсланагиќ, мостот Иво Андриќ и Камениот мост ) каде можете да направите сопствена разгледница, музејот на Херцеговина, прошетка правиме и низ тесните улички на стариот град со посета на Саат кулата, градските ѕидини, плоштадите, градската порта (тунел) што го поврзува Стариот град со остатокот од градот. Плоштадот на поетите каде што можеме да се фотографираме со дрвја-јавори постари од 120 години, кои претставуваат симбол на градот, и да се освежиме на една од камените фонтани. На плоштадот има можност да се видат и подароците на поетот Јован Дучиќ за неговиот град (Јелена Анжујска, бистата на Његош и лавовите на влезот во паркот). Попладне враќање во Будва. Слободно време.  Вечерта можност за факултативна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2027 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари) за приватно сместување
               145 евра (8.950 денари) за сместување во хотел 3*            

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
    ( Поаѓања вклучени во цената од Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија,Струмица, Радовиш,Штип, Велес, Куманово )
    Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
    Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
    Посета на Св.Стефан;
    Организација и пратител на патувањето 

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Требиње -20 евра( минимум 30 лица пријавени за реализација );
    Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро -20 евра ( минимум 30 лица пријавени за реализација );
    Факултативна вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -15 евра
    ( минимум 30 лица пријавени за реализација );
  • Пакет цена за излети до Требиње, Котор, Тиват-Порто Монтенегро и вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -50 евра( минимум 30 лица пријавени за реализација );
    Туристичка такса за сместување во Будва -3 евра ( се плаќа во агенцијата )
    Влезници за посети;
    патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребно е важечка бометриска лична карта или биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.

БУДВА-ТРЕБИЊЕ-ТИВАТ-КОТОР-БАР 1 ден: 30.12.2026 год. Поаѓање за Будва од Струмица 20.00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори. 2 ден: 31.12.2026 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување....

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    БУДВА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *