+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

РИМ-11.10.2026

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
РИМ октомври 2026 (сабота) СКОПЈЕ – РИМ  Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Рим W6 4757 во 17:10ч. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. октомври 2026 (недела) РИМ  (панорамски разглед) Појадок. Наутро, пешачки панорамски разглед со локален водич (превоз со метро):...

Опис на патувањето

РИМ

  1. октомври 2026 (сабота) СКОПЈЕ – РИМ 
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Рим W6 4757 во 17:10ч. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
  2. октомври 2026 (недела) РИМ  (панорамски разглед)
    Појадок. Наутро, пешачки панорамски разглед со локален водич (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини. Пауза за ручек.. (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил) Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил… Слободно време за индивидуални активности…Ноќевање.
  3. октомври 2026 (понеделник) РИМ – ВАТИКАН
    Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање
  4. октомври 2026 (вторник) РИМ – TИВОЛИ – СКОПЈЕ
    Појадок. Препорачуваме факултативна посета на прекрасната Villa D’Este и нејзината градина кои се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим, слободно време до трансферот до аеродромот во Рим во 15:30ч. Лет за Скопје W6 4758 во 18:35ч. Пристигнување во Скопје во 20:20 часот. .Ноќевање.

Цена на аранжманот:
569€ (35.278 мкд)- Basic пакет – со вклучен 1 разглед
649€ (40.238 мкд )- Superior – пакет со вклучени 3 разгледи
729€ (45.198 мкд )- Premium – пакет со вклучени 4 разгледи

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ BASIC SUPERIOR PREMIUM
Организиран пешачки панорамски разглед на Рим √ √ √
Посета на римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница  и метро карта, јавен превоз 20€ √ √
Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница. 70€ √

 

√
Посета на Тиволи со приватен трансфер, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте. 85€ 85€ √

√-вклучено во пакет цената на аранжманот!

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во хотел Marc Aurelio 4* https://www.hotelmarcaurelio.com/en/ на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
– Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.
– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Здравствено – патничко  осигурување околу 220мкд
– Туристичка такса: Хотел 4* – 7,5€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 165€
– Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
– Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:
–За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
–За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници

РИМ октомври 2026 (сабота) СКОПЈЕ – РИМ  Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Рим W6 4757 во 17:10ч. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. октомври 2026 (недела) РИМ  (панорамски разглед) Појадок. Наутро, пешачки панорамски разглед со локален водич (превоз со метро):...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    РИМ-11.10.2026

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *