- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
Будва
05.03.2026 – Организиран превоз од повеќе градови. Планирно поаѓање околу 23:30 часот од Битола. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Точни сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.
06.03.2026 – Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, прво место за посета е Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог па потоа продолжуваме према Будва. Сместување во хотел. Во договорено време со водичот се посетува стариот град во Будва. Вечерта организирана осмомартовска прослава во ресторан со жива музика. Ноќевање.
07.03.2026 – Појадок. По појадокот Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва.
08.03.2026 – Појадок. По појадокот факултативна посета на градовите КОТОР и ТИВАТ. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Околу 2 сати ќе бидеме во Котор па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.
Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 еур
РОДЕНДЕНСКА ЦЕНА ДО 03.02 – 99 еур
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва ( Хотел Оаза или Хотел Грбаљ)
- Посета на Острошки манастир
- Организација и водство на патувањето
- Лиценциран пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
- ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и вклучен траект на заливот Бока Которска – 40 еур
- КОТОР И ТИВАТ – 25 еур (вклучен превоз со автобус)
- Патничко осигурување – информации во агенција
- Туристичка такса 1 еур во Острог, искачување во манастирот со локално комбе 1 еур во правец
- Организирана вечера во ресторан со жива музика (предјадење, главно јадење, салата, десерт) – 25 еур
- Задолжителна туристичка такса 1,5 еу по ден по лице – се плаќа во автобус





There are no comments yet.