+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

ХЕРЦЕГ НОВИ

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ХЕРЦЕГ НОВИ 1ден/ 30.12 (среда)  СКОПЈЕ – ЦРНА ГОРА Во 21:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:15 часот од Скопје. Поаѓање кон Црна Гора. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор. 2ден/ 31.12 (четврток)  ХЕРЦЕГ НОВИ Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот...

Опис на патувањето

ХЕРЦЕГ НОВИ

1ден/ 30.12 (среда)  СКОПЈЕ – ЦРНА ГОРА
Во 21:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:15 часот од Скопје. Поаѓање кон Црна Гора. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

2ден/ 31.12 (четврток)  ХЕРЦЕГ НОВИ
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на Црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира целата  ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на Плоштадот во Игало со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Саша Матиќ и Џенан Лончаревич. Свечен дочек на Новата Година се организира и во ресторанот на хотелот (факултативно, со претходна резрвација). Ноќевање.

3ден/ 01.01 (петок)  ДУБРОВНИК
Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах… Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Херцег Нови. Пред нас е уште една незаборавна вечер со Наташа Беквалац и Ади Шоше чии модерни и урбани песни ја привлекуваат младата публика. Со својот специфичен музички стил и хитовите кои ги освојуваат топ листите, ќе придонеат за современ, младешки дух на стартот од Новата Година. Новогодишна забава со вечера се организира и во ресторанот на хотелот (факултативно, со претходна резрвација). Ноќевање.

4ден/ 02.01 (сабота)  ХЕРЦЕГ НОВИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Уживање во внатрешниот базен и спа центар на хотелот. Во вечерните часови гостите во Херцег Нови ќе ги забавуваат членовите на оркестарот на Александар Софронијевиќ. Ноќевање.

5ден/ 03.01 (недела)  ХЕРЦЕГ НОВИ
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни  часови.

Цена на аранжманот: 399€ / 24.740мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автобус;
3 ноќевања со појадок  во хотелот „Palmon Bay Hotel &Spa“4+* во Херцег Нови;
Организиран разглед на градот со локален туристички водич;
Користење на базенот и спа центарот во хотелот;
Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич;
Организација на патувањето и туристички придружник.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
Пијалоци за време на свечената вечера;
Доплата за еднокреветна соба-255€ (за три вечери);
Туристичка такса – 1,50€ по лице од вечер (се плаќа во агенцијата);
Доплата за свечена новогодишна вечера со музика во хотелот (75€ по лице)- Не е задолжителна!
Доплата за свечена втора новогодишна вечера со музика во хотелот (65€ по лице) – Не е задолжителна!
Патничко осигурување.

Напомена:
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патници.

ХЕРЦЕГ НОВИ 1ден/ 30.12 (среда)  СКОПЈЕ – ЦРНА ГОРА Во 21:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:15 часот од Скопје. Поаѓање кон Црна Гора. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор. 2ден/ 31.12 (четврток)  ХЕРЦЕГ НОВИ Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ХЕРЦЕГ НОВИ

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *