- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
Прага / Дрезден / Виена – Божиќен маркет
04.12 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
05.12 (сабота) ПРАГА
Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на Стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 часа. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.
06.12 (недела) ДРЕЗДЕН
По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана.Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој ќе ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18век (светски пример за барокна архитектура), Катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса….. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време.Вечерта индивидуална можност за посета на Прага и божиќните маркети. Ноќевање.
07.12 (понеделник) Виена
По појадокот, следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг околу 2 часа. Потоа следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом) и секако божиќните маркети.Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје на 08.12 во вторник во пладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА 189 евра со задолжителна резервација на пакет факултативите 80 евра (редовна цена 85евра).
Редовна цена 219евра по лице
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања во хотел Amedia Express 3* со појадок во Прага (ЛИНК ОД ХОТЕЛ)
- автобуски превоз на дадената релација
- Посета на Виена
- Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
- Организација и водство на програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Разглед на Прага со водич – 15евра
- Крстарење по реката Влтава – 25евра
- Посета на Дрезден – 45 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
- Задолжително патничко осигурување-350 денари
- Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
- Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).





There are no comments yet.