+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

Азурен брег

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Италијанска ривиера и Азурен брег Милано – Џенова – Ница – Антиб – Марсеј – Барселона               17.04 – 24.04.2027 1 ден Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Милано со авиокомпанијата  WIZZ AIR во 18:10ч. Пристигнување во Милано во 20:10 ч. Организиран превоз со автобус...

Опис на патувањето

Италијанска ривиера и Азурен брег
Милано – Џенова – Ница – Антиб – Марсеј – Барселона
              17.04 – 24.04.2027

1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Милано со авиокомпанијата  WIZZ AIR во 18:10ч. Пристигнување во Милано во 20:10 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот во Милано. Сместување во хотел. Ноќевање. 

2 ден
Појадок. Организирана посета на Милано: замокот Сфорца, плоштадот и катедралата Дуомо – најголемата готска катедрала во светот,  галеријата Виторио Емануеле – првиот трговски центар, Ла Скала операта. Поаѓање за Рапало (околу 3 часа). Краток разглед (околу 30 мин). Поаѓање за Санта Маргарита Лигуре. Краток разглед.(Опционално посета на Портофино со локален превоз 10€ по лице). Враќање во Санта Маргерита Лигуре. Поаѓање кон Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање. 

3 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Џенова: палатите на улицата Via Garibaldi, Piazza de Ferrari – главниот плоштад, Carlo Felice Theater, Via Balbi – историска улица со импресивни барокни палати, Palazzo Reale – кралската палата, катедралата Sаn Lorenzo, пристаништето. Поаѓање за Вараце (околу 40 мин.). Краток разглед (околу 30 мин.). Поаѓање за Санремо (околу час и половина). Краток разглед (околу 1 час). Поаѓање за Вентимиља (околу 30 мин.). Кратка прошетка во Вентимиља. Сместување во хотел. Ноќевање.  

4 ден
Појадок. Поаѓање за Мантон (околу 30 мин.). Краток разглед (30 мин.). Патувањето продолжува за Монте Карло (околу 20 мин.). Разглед на Монте Карло: стариот историски дел, океанографскиот музеј, Saint Martin паркот, резиденцијата на монаршката фамилија Грималди, променадата Albert I, каде се оддржува Formula 1, плоштадот Казино. Поаѓање за Ница (околу 40 мин.). Разглед на Ница: националниот театар и плоштадот Грибалди, стариот град, катедралата во Ница, плоштадот на Правдата, Англиското шеталиште – едно од најубавите на Медитеранот, каде што се наоѓаат едни од најлуксузните хотели како Westminster, Hotel Royal и Negresco, Булевар на Павилјонот – познат по луксузни продавници, хотели и ресторани, плоштадот Масена. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден
Појадок. Поаѓање за Антиб (околу 30 мин.). Краток разглед на градот (околу 30 мин.), познат по луксузното пристаниште. Поаѓање за Кан (околу 40 мин.). Краток разглед на Кан (околу 1 час.), градот на модата и кинематографијата. Поаѓање за Сен Тропе (околу 2 часа). Краток разглед на градот (околу 1 час и 30 мин.), познат по своите плажи и луксузни резиденции. Поаѓање за Касис (околу 2 часа.). Панорамски разглед на овој провансалски град со пристаниште и карпести заливи. Поаѓање кон Марсеј (околу 50 мин.). Сместување во хотел. Ноќевање. 

6 ден
Појадок. Организиран разглед на Марсеј: старото пристаниште, дворецот со фонтански комплекс Лонгшамп.( Опционално – Notre Dame de la Garde – катедрала на највисоката панорамска точка во градот,се оди со градски панорамски воз 13€ по лице.)  Заминување за Перпињан. Патувањето трае околу 4 часа . Сместување во хотел. Ноќевање. 

7 ден
Појадок.Посета на главните споменици: Средновековната порта  Le Castillet , катедралата Saint Jean Baptiste , дворот  Campo Santo, центарот на Стариот град, Кралската палата на Мајорка, Плоштадот на Републиката итн. Поаѓање за Жирона. Патувањето трае 1 час. Посета на спомениците:  Passeig de la Muralla, катедралата во Жирона, Ајфеловиот мост, Шарените куќи на Оњар и Стариот кварт на Ел Кол. Патувањето продолжува кон Барселона. Пристигнување во Барселона. Сместување во хотел. Ноќевање.  

8 ден
Појадок.  Посета на спомениците во Барселона:  Las Ramblas, Mirador de Colom,  Plaça Catalunya – централниот плоштад.  Passeig de Gracia,  Casa Batlló, Casa Amatller, Casa Milà (La Pedrera),, Готскиот кварт – палатата на каталонската музика,  плоштадот   Placita de la Seu, катедралата  Saint Eulalia. Трансфер до аеродормот . Поаѓање за Скопје во  22:35. Пристигнување во  Скопје во  01:20.

ЦЕНА: 759€ ( 47 058 ден )

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авионска карта на релација Скопје – Милано и Барселона – Скопје со Wizzair ( седиштата во авион се чекираат по случаен избор )
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
  • 7 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
  • Претставник на македонски јазик
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник

Важна напомена:

  1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.

4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 170 €
  • Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.

 

Италијанска ривиера и Азурен брег Милано – Џенова – Ница – Антиб – Марсеј – Барселона               17.04 – 24.04.2027 1 ден Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Милано со авиокомпанијата  WIZZ AIR во 18:10ч. Пристигнување во Милано во 20:10 ч. Организиран превоз со автобус...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Азурен брег

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *