+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

АМАЛФИ РИВИЕРА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА 05.03-08.03.2027 / 19.03-22.03.2027 / 02.04-05.04.2027 1 ден Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 12:55 часот, пристигнување во Неапол во 14:00 часот ( термин 02.04.2027 – 16:30-18:10). Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli...

Опис на патувањето

НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА
05.03-08.03.2027 / 19.03-22.03.2027 / 02.04-05.04.2027

1 ден
Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 12:55 часот, пристигнување во Неапол во 14:00 часот ( термин 02.04.2027 – 16:30-18:10). Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден
Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.Поаѓање од пристаништето во Соренто,  со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот.  Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.

3 ден
Појадок.. Опционално:Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.Се продолжува со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Сместување и  Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел.

4 ден
Појадок. Слободно претпладне. Попладне трансфер до аеродромот во Неапол. Поаѓање во 14:35 часот, пристигнување во Скопје во 16:05 часот (термин 02.04.2027 – 18:45 – 20:15).

ЦЕНА: од 439€ (  27 218  ден  )

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авионска карта на релација Скопје – Неапол – Скопје со Wizzair
    ( седиштата во авион се чекираат по случаен избор )
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок: – 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто
  • Фери брод Соренто – Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Лифтови, жичари кои се наоѓаат низ градовите за полесно движење
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник.
  1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
  4. Амалфиската ривиера е регион кој е со тесни улици, карпест предел , скалести градови. Една од најпопуларните туристички дестинации во Европа.
    5. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или  други настанати околности.

Забелешка: Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута: Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.

Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот).

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 170 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците

 

 

НЕАПОЛ – СОРЕНТО – АМАЛФИ РИВИЕРА 05.03-08.03.2027 / 19.03-22.03.2027 / 02.04-05.04.2027 1 ден Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 12:55 часот, пристигнување во Неапол во 14:00 часот ( термин 02.04.2027 – 16:30-18:10). Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    АМАЛФИ РИВИЕРА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *