- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
ВИЕНА И БРАТИСЛАВА
06.03 – 09.03.2027 / 10.04 – 13.04.2027
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 20:40 . Пристигнување во Братислава во 22:15 ( април 11:50 – 13:20 ). Организиран превоз со автобус до хотелот во Виена. Слободно време за посета на центарот на градот. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Виена: Kunsthistorisches Museum Wien – музеј на уметноста, Wiener Staatsoper – Виенската опера, Parlament – парламентот, и Rathaus – градското собрание. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана посета на Виена до: Universität Wien – главниот универзитет, Burgtheater – Националниот театар, Stephansdom – катедралата Свети Стефан, Hofburg – 600 години стара палата и поранешна резиденција на Хабсбуршката монархија, и Schönbrunn Palace – поранешна летна резиденција на Хабсбурзите. Трансфер до Братислава. Сместување во хотел. Ноќевање
4 ден
Појадок. Организиран разглед на Братислава. Трансфер до аеродром. Директен лет Братислава – Скопје. Поаѓање од Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 22:50. Пристигнување во Скопје во 00:20 ( април 13:55 – 15:25 ). * Програмата ќе се прилагоди според времето на полетување.
ЦЕНА: 419€ ( 25 978 ден )
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авионска карта на релација Скопје – Братислава – Скопје со Wizzair
( седиштата во авион се чекираат по случаен избор ) - Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник
Важна напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 170 €
Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.





There are no comments yet.