+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

ПРОЛОМ БАЊА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ПРОЛОМ БАЊА 1ден/ 25.12 (петок)  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне,...

Опис на патувањето

ПРОЛОМ БАЊА

1ден/ 25.12 (петок)  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2ден/ 26.12 (сабота)  ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.

3ден/ 27.12 (недела)  ПРОЛОМ БАЊА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цена на аранжманот: 179€ / 11.100 мкд
Промо цена: 169€ / 10.480 мкд 

 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса).
– Користење на услугите од Велнес Центар: отворено – затворен базен со Пролом Вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум.
– Користење теретана и фитнес сала.
– Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо).
– Излет до црквата Лазарица со локален водич.
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место).
– Индивидуални трошоци (масажа, пијалок..)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање);
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање);
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање);
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта);
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден.

НАПОМЕНА:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

ПРОЛОМ БАЊА 1ден/ 25.12 (петок)  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне,...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ПРОЛОМ БАЊА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *