+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА 1ден/ 30.12. (среда)  СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ Собир на групата пред хотел Русија. Организиран превоз од Штип, Кочани, Велес и Куманово. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за освежување и царински формалности. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација...

Опис на патувањето

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

1ден/ 30.12. (среда)  СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Собир на групата пред хотел Русија. Организиран превоз од Штип, Кочани, Велес и Куманово. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за освежување и царински формалности. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.

2ден/ 31.12. (четврток)  БУКУРЕШТ
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот. Парламентот. Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Плоштадот на Револуцијата. Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Calea Victoriei. Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква. Куртија Веке. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.Сместување во хотел. Слободно време за одмор.  Вечерта дочек на Новата Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден/ 01.01. (петок)  БУКУРЕШТ – ТРАНСИЛВАНИЈА
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов. Пелеш – Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. БРАН “домот на Дракула” – Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Брашов – Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Ноќевање.

4ден/ 02.01. (сабота)  БУКУРЕШТ – ТЕРМАЛНИ БАЊИ
Појадок. Напуштање на хотелот и се упатуваме на факултатива во Термалните Бањи кои се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. За оние кои нема да ги посетат бањите ќе имаат можност за шопинг во трговски центар. Во попладневните часови тргнување за Македонија.

5ден/ 03.01. (недела) БУКУРЕШТ – СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд
Промо цена: 149€ / 9.240мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз;
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3*;
  • Разглед на градот Букурешт со водич;
  • Пратител и организација на патувањето;
  • Организиран превоз Кочани, Штип, Велес и Куманово.
  • Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Факултативен излет „Трансилванија“: посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула (Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 100леи/19€ за студенти 50/9€) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител)–50€;
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (50€ превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • *Секој патник при уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за посетата. Во случај да се изјасни дополнително, а нема слободни влезници, агенцијата не превзема одговорност.
  • Доплата за еднокреветна соба 60€ за двете ноќевања;
  • Патничко осигурување – 200 мкд;
  • Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус.
  • Напомена:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест;
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА 1ден/ 30.12. (среда)  СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ Собир на групата пред хотел Русија. Организиран превоз од Штип, Кочани, Велес и Куманово. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за освежување и царински формалности. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *