- Опис на Патувањето
- Галерија
- Reviews
Опис на патувањето
VILA PASHALIA
Вила Пасхалиа 2 се наоѓа на првиот ред (пред неа има полјанка), на 100м од плажа. Располага со 1/2 и 1/3 креветни студија, распоредени на ниско приземје, прв и втор кат, со непречен поглед кон море. Пред нив има убаво среден двор со зеленило . Студијата се опремени со клима (вклучена во цената), WI-FI, мини кујна, опремена со прибор според бројот на кревети, тераса опремена со маса, столици.
Цени и услови 2026
| ТЕРМИН ОД: | 1/2 I Кат | 1/3 ниско приземје | 1/3 II Кат |
| 23.05 | 159 | 159 | 179 |
| 30.05 | 189 | 189 | 229 |
| 06.06 | 259 | 259 | 299 |
| 13.06 | 329 | 349 | 349 |
| 20.06 | 359 | 379 | 409 |
| 27.06 | 389 | 409 | 469 |
| 04.07 | 429 | 449 | 499 |
| 11.07 | 449 | 469 | 539 |
| 18.07 | 479 | 499 | 569 |
| 25.07 | 479 | 499 | 569 |
| 01.08 | 479 | 499 | 569 |
| 08.08 | 479 | 499 | 569 |
| 15.08 | 479 | 499 | 569 |
| 22.08 | 449 | 469 | 539 |
| 29.08 | 389 | 399 | 449 |
| 05.09 | 349 | 359 | 369 |
| 12.09 | 259 | 249 | 289 |
| 19.09 | 189 | 189 | 219 |
НАПОМЕНИ:
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа во агенција;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;





There are no comments yet.