+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца A

Вила Михалис-ИПСОС

  • Опис на Патувањето
  • Галерија
  • Reviews
  • Similar Tours
Вила Михалис-Ипсос Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет, кој е...

Опис на патувањето

Вила Михалис-Ипсос

Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет, кој е послаб и нема конекција во целата куќа. Студијата располагаат со клима уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата нема телевизор. Бидејќи станува збор за апартманско сместување, вилата не поседува рецепција, luggage room, ниту надворешен тоалет.

ПОНУДАТА е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице. 
FIRST MINUTE
цените важат со 50% уплата до 15.03
Цените означени со промо се за предсезонските термини.
На овие цени нема одбивање за сопствен превоз.

 

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
  •  Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
  • Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање:Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект.
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  •  За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

НАПОМЕНА: Вилата нема приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите

  •  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  •  Цена само за превоз 80 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

 

Вила Михалис-Ипсос Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет, кој е...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Вила Михалис-ИПСОС

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *