+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца A

Крф

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Крф ПРВ ДЕН 09.04.2026 (четврток) Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи. ВТОРИ ДЕН 10.04.2026 (петок) Пристигнување во Игуменица во раните утрински...

Опис на патувањето

Крф


ПРВ ДЕН 09.04.2026 (четврток)
Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОРИ ДЕН 10.04.2026 (петок)
Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови и качување на траект, со кој се упатуваме кон Островот. Пловењето трае околу 1 час и 45 минути. Пристигнување на пристаништето и упатување кон сместувачките објекти. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со пратителот. Ноќевање.

ТРЕТИ ДЕН 11.04.2026 (сабота)
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00 часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместување. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 12.04.2026 (недела)
Овој ден е предвиден за факултативната прошетка низ островот Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, и Велигденски ручек во таверна. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локација ќе ви го привлече вниманието. Следува Велигденски ручек во таверна.Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 13.04.2026 (понеделник)
Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време.Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

ЦЕНА: 149 еур

Во цената е вклучено :

  • 3 ноќевања во Ипсос,Дасиа и околината студија/апартмани без појадок
  • 3 ноќевања во Хотел Силвер Беј 3* со вклучен појадок
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
  • Трансфер од Велес, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
  • Туристички пратител во текот на целиот престој

Во ценаата Не е вклучено :

  • Туристичка такса за приватно сместување – околу 6 евра по лице за 3 ноќи
  • Туристчка такса за хотелско сместување -околу 15 евра од соба за 3 ноќи
  • Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис, Велигденски ручек)
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба во хотел 120е дополнително од сумата на аранжманот.
  • Доплата за еднокреветна соба во апартманско сместување 50% од втората сума, дополнително од сумата на аранжманот.
Крф ПРВ ДЕН 09.04.2026 (четврток) Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи. ВТОРИ ДЕН 10.04.2026 (петок) Пристигнување во Игуменица во раните утрински...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Крф

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *