+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца A

ХОТЕЛ MELISA GOLD COAST-ПСАКУДИЈА

  • Опис на Патувањето
  • Галерија
  • Reviews
  • Similar Tours
ХОТЕЛ MELISA GOLD COAST-Псакудија Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија. Плажата Псакудија со сино знаме е долга 4км и  е совршена дестинација за семејни одмори , нуди лежалки, чадори и спортови на вода, се наоѓа на само 80 метри.Псакудија има само една главна улица која се протега покрај плажата во која се...

Опис на патувањето

ХОТЕЛ MELISA GOLD COAST-Псакудија

Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија. Плажата Псакудија со сино знаме е долга 4км и  е совршена дестинација за семејни одмори , нуди лежалки, чадори и спортови на вода, се наоѓа на само 80 метри.Псакудија има само една главна улица која се протега покрај плажата во која се сместени неколку таверни, додека на плажата се наоѓаат одлични барови и кафулиња со убаво уредени градини, како и неколку продавници.Сите соби во Мелиса Голд Коуст имаат приватен балкон или тераса со поглед на заливот Торонеос или добро одржуваната медитеранска градина на хотелот или неговиот базен. Телевизори со рамен екран со сателитски канали се достапни во секоја соба. Собите се наоѓаат во една од 4-те главни згради.
MELISA GOLD COAST – ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Мелиса Голд Коуст се наоѓа во живописното место, наречено Псакудија, кое се наоѓа на вториот крак на Халкидики, Ситонија. Хотелот се состои од четири главни згради, со поглед на боровата шума,опремена кујна за подготовка на лесна храна и базен и е  на само 80 метри до плажата. Различни типови на соби, рецепција, базен, хидромасажа, детски базен, бар покрај базен, ресторан, бар на плажа со игралиште, лежалки и чадори и спортови на вода.

Хотелот располага со :

Студио бр.305 во зграда C, двокреветно студио со 2 единечни 1 една фотелја на суштање. Студиото има поглед кон градината и базенот, има балкон, се наоѓа на втор спрат и има 27 метри квадратни. Максимално дозволено сместување е на 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години. На барање можно е да се стави и креветче за бебе но само во случај доколку не е пуштена фотелјата.

Фамилијарен мазонет бр.309 во зграда C, со 5 единечни кревети, 2 кревети на приземје заедно со кујната и на горниот спрат 3 единечни кревети. Собите не се одделени со врата. Мазонетот има поглед на задниот дел од градината кон улица, и се наоѓа на приземје со тераса , со 38 метри квадратни. Максимално сместување е на 5 возрасни лица и 1 бебе до 1.99 години.

Студио бр.404 во зграда D, двокреветно студио со 2 единечни 1 една фотелја на суштање. Студиото има поглед кон задниот дел од градината и улицата, се наоѓа на втор спрат и има 28 метри квадратни и има балкон. Максимално дозволено сместување е на 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години. На барање можно е да се стави и креветче за бебе но само во случај доколку не е пуштена фотелјата.

  1. Студио бр.408 во зграда D, двокреветно студио со 2 единечни кревети. Студиото има поглед кон задниот дел на градината и улицата и има 20 метри квадратни, се наоѓа на приземје со тераса. Максимално сместување е на 2 возрасни лица и бебе до 1.99 години. За бебето не е возможно поставување на бебешко креветче и истото спие со родителите во кревет.
  2. Џуниор апартман бр.209 во зграда B, апартман со 2 оделни спални соби, една со брачен и втора со два единечни лежаи.Апартманот има панорамски поглед на море и се наоѓа на трет спрат и има 60 метри квадратни. Има еден балкон и една тераса со поглед на морето.Максимално сместување е на 4 возрасни лица. Има кујна за подготовка на лесни јадења и нема бебешко креветче.
  3. М1 приватен апартман 42м квадратни на приземје со еден брачен кревет и 2 единечни кревети на спрат/ кауч со приватен поглед на градината и морето. Има тераса од 30м квадратни. Максимално сместување е 4 возрасни лица. Апартманот се состои од една спална соба  со брачен кревет, дневна соба со 2 дополнителни единечни кревети и целосно опремена кујна со фрижидер, електричен шпорет. Апартманот има и машина за перење, надворешен туш и скара.
  4. М2 приватен апартман 42м квадратни на приземје со еден брачен кревет и 2 единечни кревети  со приватен поглед на градината и морето. Има тераса од 30м квадратни. Максимално сместување е 4 возрасни лица. Апартманот се состои од една спална соба  со брачен кревет, дневна соба со 2 дополнителни единечни кревети и целосно опремена кујна со фрижидер, електричен шпорет. Апартманот има и машина за перење, надворешен туш и скара.
Термин 1/2 Студио 1/2+1 Студио 1/4 Апартман 1/5 Мазонет
24.05-31.05.2026 223е 241е 295е 289е
31.05-07.06.2026 286е 303е 364е 358е
07.06-14.06.2026 314е 330е 394е 387е
14.06-21.06.2026 381e 396e 468e 460e
21.06-28.06.2026 424e 439e 516e 507e
28.06-05.07.2026 476e 490e 573e 563e
05.07-12.07.2026 614e 624e 725e 712e
12.07-19.07.2026 647e 659e 762e 748e
19.07-26.07.2026 647e 659e 762e 748e
26.07-02.08.2026 647e 659e 762e 748e
02.08-09.08.2026 647e 659e 762e 748e
09.08-16.08.2026 647e 659e 762e 748e
16.08-23.08.2026 647e 659e 762e 748e
23.08-30.08.2026 535e 548e 638e 627e
30.08-06.09.2026 447e 451e 504e 495e
06.09-13.09.2026 380e 395e 467e 459e
13.09-20.09.2026 346e 362e 430e 422e

Во ценатае вклучено :

  • Наем на студио за 7 ноќевања
  • Клима
  • WiFi
  • Користење на базен за возрасни и деца

Во цената не е вклучено :

  • Доплата за туристичка такса 14 евра од апартман за цел престој
    (Се плаќа во вилата)
  • Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Превоз за возрасен повратен билет 55 еур / 50 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 45Еур / 40 еур во еден правец
  • Патничко осигурување
  • Лежалки и чадори за на плажа со минимална доплата

Важно:

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите/студиата дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата/хотелот.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.

ХОТЕЛ MELISA GOLD COAST-Псакудија Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија. Плажата Псакудија со сино знаме е долга 4км и  е совршена дестинација за семејни одмори , нуди лежалки, чадори и спортови на вода, се наоѓа на само 80 метри.Псакудија има само една главна улица која се протега покрај плажата во која се...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ХОТЕЛ MELISA GOLD COAST-ПСАКУДИЈА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *