+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца A

Азурен Брег

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Азурен Брег- (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард – Монако-Монте Карло) 1 ДЕН 06.03.2026 СКОПЈЕ Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.  2 ДЕН  07.03.2026 НИЦА Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ...

Опис на патувањето

Азурен Брег- (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард – Монако-Монте Карло)

1 ДЕН 06.03.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  07.03.2026 НИЦА
Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег – Ница.  Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Попладне можност за прошетки и индивидуални активности во Ница. Ноќевање.

 03 ДЕН 08.03.2026  СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата…    Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 04 ДЕН 09.03.2026  АНТИБ – КАН :
Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб… Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)…  Продолжуваме со прошетка и  запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината….  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Во вечерните часови враќање во Ница.  Ноќевање.

05 ДЕН 10.03.2026 ЕЗ – МОНАКО  – СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

06 ДЕН 11.03.2026 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови. 

ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 23.01.2026: 269 € / 16.680 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  299 € / 18.540 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Ница, во Hotel Monsigny 3* , на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Ница
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  •  Посета на Ст. Тропе (50€)
  •  Посета на Кан и Антиб (50€)
  •  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (50€)
  •  Задолжителна посета на Монако последниот ден (40€) – се плаќа во агенција

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ  Азурен брег – 170€

  • Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за празно седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • ПРОМО цената е важечка со резервација на пакет излети
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НОВА ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

 

Азурен Брег- (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Фрагонард – Монако-Монте Карло) 1 ДЕН 06.03.2026 СКОПЈЕ Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.  2 ДЕН  07.03.2026 НИЦА Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Азурен Брег

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *