+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца A

АТИНА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
АТИНА ПРВ ДЕН – четврток (05.03) СКОПЈЕ –АТИНА Состанок на групата кај хотел Континентал околу 17.00 часот. Поаѓање за Атина околу 17.30 часот, преку граничен премин Меџитлија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. ВТОР ДЕН – петок (06.03) Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич,...

Опис на патувањето

АТИНА

ПРВ ДЕН – четврток (05.03) СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата кај хотел Континентал околу 17.00 часот. Поаѓање за Атина околу 17.30 часот, преку граничен премин Меџитлија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН – петок (06.03)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (факултативно). Сместување во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови организирана прошетка низ најстарата насеба Плака, познато како местото на боговите кое се наоѓа под Акропол. Еден од најшармантните квартови на Атина испреплетен со тесни улички, спој на историјата и модерното. Тука ќе имаме можност за уживање во грчка вечер со музика и одлично мени и расположение.По завршуањето на програмата, враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН сабота (07.03)
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Одиме во посета на Коринтскиот канал, познатиот канал кој го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина и е еден од најтесните поморски канали во светот, кој претставува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Коринтскиот Канал е долг 6,4 км, висок 63 м, но поради неговата „кнап“ ширина им претставувал ноќна мора на многу капетани на бродови кои морале да минуваат низ него. Името го добил по блискиот град Коринт кој се наоѓа во западниот краен дел на каналот. Следува посета на најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус. Театарот во Епидаурус е прочуен по својата извонредна акустика. „И најмалиот звук — длабок здив или кинење хартија — може јасно да се чуе дури до последниот ред седишта“, вели професорот по археологија С. Е. Е. Јаковидис.ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ВО ТЕАТАРОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ПАКЕТОТ И Е ПО ЖЕЛБА – 12 евра по лице.По овој неверојатен театар, следува посета на уште поневеројатен град, гратчето Нафплион – Првата престолнина на Грција. Се наоѓа во периферијата Пелопонез. Слободно време за прошетка или кафе.Денот го завршуваме со посета на Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Позната како дом на легендарниот крал Агамемнон кој Грците ги повел во Тројанската војна. ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ЗА МИКЕНА ЧИНИ 12 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (не е задолжителен влез) Во вечерните часови предлагаме прошетка на Монастираки, Плака или најпознатата улица Ерму, популарна за шопинг.Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН недела (08.03)
По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме на прекрасен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон, како и омилена точка за дочекување на зајдисонцето на атињаните. На околу еден час возење од Атина, со филмски сцени, се стигнува до Сунион. Иако неговата позната статуа е одамна е безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство.ВЛЕЗНИЦАТА ЗА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН Е 10 евра. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови 09.03.2026.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159евра
со задолжителна резервација на пакетот од 65 евра (плаќање на факултативите во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА 179€

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Панорамски разглед на Атина
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 2 евра по лице од ноќ
  • Влезница во Акропол – Пантеон – 30€ – не е задолжително
  • Посета на Пелопонез – Коринтскиот канал, театарот Епидаурус (влезница за театарот 12евра, по желба), градот Нафплион, Микена (влезница за театарот 12евра, по желба) – посета заедно со водич – 45€
  • Посета на Пирејa и Сунион со храмот на Посејдон – 30€ (влезница за храмот на Посејдон е 10€, по желба)
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети

ПАКЕТ со сите излети во вредност од 75 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 65 евра (плаќање во автобус)

НАПОМЕНА:

  • За сингл соба се доплатуваат 60 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 10 години плаќаат 95 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

 

 

 

АТИНА ПРВ ДЕН – четврток (05.03) СКОПЈЕ –АТИНА Состанок на групата кај хотел Континентал околу 17.00 часот. Поаѓање за Атина околу 17.30 часот, преку граничен премин Меџитлија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. ВТОР ДЕН – петок (06.03) Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич,...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    АТИНА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *