Вила Зевс

Вилата Зевс се наоѓа на 400метри од плажата во Ипсос, во мирниот дел на туристичкото место Пирги. Вилата Зевс е голем комплекс од два објекта кои се опкружени со природа, цвеќиња и зеленило, а во неговиот двор се наоѓа прекрасен базен и лежалки за гостите. Студијата располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, телевизор, ви-фи интернет. Студијата располагаат и со клима уред кој може да се користи со доплата од 8 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на прв спрат, секоja со сопствена тераса и се комплетно реновирани. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.
НАПОМЕНА: Вилата има 40 соби кои не се исти по структура, изглед и распоред. Сликите од галеријата се од информативен карактер за да се добие општ впечаток. Ниту една соба нема директен поглед на базен.

GPS координати: 39.7066253, 19.8367495

Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице.

*НАПОМЕНА: Вилата во моментов се реновира и сликите во галеријата се од претходните години. Новите слики ќе бидат објавени по завршувањето на реновирањето.

7ноќи и превоз

  Зевс (базен)

Термин: Тип соба Редовна цена


FIRST MINUTE

21.06 – 28.06 1/2
189

149
28.06 – 05.07 1/2
199

159
05.07 – 12.07 1/2
209

169
12.07 – 19.07 1/2
239

199
19.07 – 26.07 1/2
249

209
26.07 – 02.08 1/2
259

219
02.08 – 09.08 1/2
259

219
09.08 – 16.08 1/2
259

219
16.08 – 23.08 1/2
259

219
23.08 – 30.08 1/2
229

189
30.08 – 06.09 1/2
209

169
06.09 – 13.09 1/2
189

159
13.09 20.09 1/2
159

149
20.09 – 27.09 1/2
149

119

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
    • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
    • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
    Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
    • Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
    • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
    • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
    • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
    • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.