Вила Александрос
Вила Александрос се наоѓа на островот Крф, во излетничкото место Ипсос. Сместена на 400 метри од плажата каде што се наоѓа AБ МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со 2, 3, и 4 креветни студиа. Три од студиата се со брачен кревет, останатите се со единечни кревети. Сите студиа се опремени со мини кујна, фрижидер, тоалет и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор. Сите студиа се распоредени на ниско приземје и прв кат, Дрвена двокреветна куќичка која што е во истиот двор, Анекс со 2 и 3 кревета и еден четирикреветен мезонет. Во објектот нема лифт.
ТЕРМИН |
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ |
24.05.2025-31.05.2025 |
109е |
31.05.2025-07.06.2025 |
121е |
07.06.2025-14.06.2025 |
143е |
14.06.2025-21.06.2025 |
165е |
21.06.2025-28.06.2025 |
179е |
28.06.2025-05.07.2025 |
193е |
05.07.2025-12.07.2025 |
231е |
12.07.2025-19.07.2025 |
231е |
19.07.2025-26.07.2025 |
231е |
26.07.2025-02.08.2025 |
231е |
02.08.2025-09.08.2025 |
231е |
09.08.2025-16.08.2025 |
231е |
16.08.2025-23.08.2025 |
231е |
23.08.2025-30.08.2025 |
182е |
30.08.2025-06.09.2025 |
168е |
06.09.2025-13.09.2025 |
149е |
13.09.2025-20.09.2025 |
110е |
20.09.2025-27.09.2025 |
109е |
27.09.2025-04.10.2025 |
104е |
Што е вклучено во цената
- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
- 7 ноќевања 8 дена во вила Александрос (цени по лице)
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Што не е вклучено во цената
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима
- Туристичка такса (14 евра од студио за 7 ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во автобус)
- Повратен билет за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Факултативни излети
Посета на плажата Глифада
Цена за пакет: 20e по лице
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Цена за пакет: 20e по лице
Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.
Крстарење со скара
Цена за пакет: 40e по лице
Едно преубаво искуство на островот Крф,полу дневен излет со посета на две плажи,скара и вино и посета на преубавите плави пештери на Крф(доколку временските услови не дозволат се оди на трета плажа)