Вила Василис (Ипсос) 

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Видете цени и термини подолу.

Вила Василис e лоцирана во помирен дел на Ипсос на 300м од плажата

За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE ИЛИ DINERS

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

ЦЕНИТЕ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ДО 20% ПОПУСТ

ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 15.02.2025

Термин                        

Редовна цена по лице/ Цена со попуст                    

23.05-30.05.2025

109€ 89€

30.05-06.06.2025

129€ 99€

06.06-13.06.2025

149€ 119€

13.06-20.06.2025

175€ 139€

20.06-27.06.2025

185€ 149€

27.06-04.07.2025

199€ 159

04.07-11.07.2025

239€ 189

11.07-18.07.2025

Распродадено

22.08-29.08.2025

199€ 169€

29.08-05.09.2025

179€ 139€

05.09-12.09.2025

149€ 129€

12.09-19.09.2025

139€ 119€

19.09-26.09.2025

129€ 99€

26.09-03.10.2025

99€ 79€

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања /8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

Во цената не е вклучено

  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса 2 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред

Факултативни излети:

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот. Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос

 Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

НАПОМЕНА:

  • CHECK IN: 14:00 h
  • CHECK OUT: 09:00 h
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst и lastminute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Во четворокреветните апартмани  2 лица плаќаат целосна сума 3то и 4 то возрасно лице имаат по 30% попуст од редовната цена,  дете до 11.99 год. има 50% попуст од редовната цена.
  • Термините кои се со црвено се промотивни и не се одбива за сопствен превоз.
  • Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возрасните)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Возрасен на дополнително легло има 70% попуст
  • За еднокреветна соба се доплаќа плус 50% од редовната цена,
  • Поаѓање со автобус - еден ден порано во однос на термините од табелата