VILLA KOSTAS

 

Villa Kostas е лоцирана покрај самиот пат кој поминува низ Пергиали и го поврзува во оддалеченост од 1,3км со центарот на Нидри. Овој единечен бјект веднаш го привлекува вниманието на гостите, со големиот и зелен двор, близината до блиската плажа, како и убаво уредените студија и апартмани за сместување со поглед кон убаво уредената градина. Сите единици се опремени со соодветен мебел, опремена мини кујна, клима и ТВ уред, како и Wi-Fi интернет конекција. За неговите гости е обезбеден и бесплатен паркинг до објектот.
 
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 / 9 НОЌЕВАЊА
 

 

 

 

Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
 
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред во ARGIRO и KOSTAS е гратис со политика на “разумно користење“ (каде што е достапен),
Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице) 
 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден:         Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент
                     или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 - 7/9 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални екскурзии, туристички атракции  и
                     културно-историски локалитети. Ноќевање.
8/10 ден:     Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време
                     се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
 
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ          
Цена на повратен автобуски превоз:  80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.)
 
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Смоквица, во  02:00 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  02:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
 
Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
 
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.