VILLA ARGIRO

Villa Argiro е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата вила од нашата понуда, за сместување во Агиос Никитас. Во својот состав таа расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ и клима уред, како и мини кујна за припрема на топли напитоци и за чување на продукти. Готвењето во студиата не е дозволено, па за таа потреба на гостите им е на располагање летна кујна во дворот на објектот, во која има инсталации на уреди за секое студио пооделно. Опремена со потребните апарати за готвење и печење, како и со ѕидана скара и фурна, вилата Аргиро, ги обезбедува сите потребни услови за одлично организиран престој во текот на летниот одмор. Оддалеченост од плажа 300 метри.

 

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 / 9 НОЌЕВАЊА
 

 

 

 

 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
 
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред во ARGIRO и KOSTAS е гратис со политика на “разумно користење“ (каде што е достапен),
* Собите во ARGIRO располагаат со "чајна" кујна, за готвење гостите користат заедничка кујна, и истата е бесплатна,
Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице) 
 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден:         Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент
                     или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 - 7/9 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални екскурзии, туристички атракции  и
                     културно-историски локалитети. Ноќевање.
8/10 ден:     Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време
                     се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
 
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ     
Цена на повратен автобуски превоз:  80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.)
 
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Смоквица, во  02:00 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  02:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)