VILLA KYPRIANOS

Вилата Кипријанос се наоѓа во мирниот дел на Едипсос. Од морето е оддалечена околу 200 метри, а од термалните извори на околу 800 метри. Во близина на вилата има ресторани, кафетерии со пријатни градини под сенка, продавници за сувенири, пекари и таверни. Тоа е околу 350 метри од центарот на Едипсос.
Содржина на вилата: Објектот располага со студија на втори и трети кат, со брачен и единечен кревет, мини кујна со основен инвентар, тоалет, балкон, ТВ и клима уред. Паркирање е можено на улицата пред објектот според условите. Во дворот на вилата има туш кабина како и просторија за последниот ден од престојот каде гостите можат да го остават својот багаж. Вилата има лифт.

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
 
 
 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен), 

- Доплата за туристичка такса 2  (се плаќа во објектот) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 

- Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
 Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 00:30 ч. (
паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.


- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.