VILLA CAVO D'ORO

 

Villa Cavo D'Oro се наоѓа на првата линија од објекти изградени покрај главната улицата која се протега покрај плажата и морето на Пефки. Студијата за сместување изградени над истоимената пицерија, имаат капацитет за престој на две или три лица. Секоја од единиците располага со комлетно опремена кујна, тоалет, балкон, како и ТВ и клима уред. Ресторанот-пицерија кој е дел од оваа вила, на блиската плажа располага и со свои лежалки и чадори, кои со нарачан пијалок или кафе е можно да се користат во текот на денот. 
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
 
 
 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен), 

- Доплата за туристичка такса 2 (се плаќа во објектот) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 

- Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
 Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 00:30 ч. (
паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)


Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.