VILLA ELEFTERIA

 

Villa Elefteria се наоѓа во тивка улица и убаво уреден двор, на околу 150 мери оддалеченост од градската плажа и центарот на местото Олимпик бич. Од нејзините основни карактеристики, секако се издвојува местото за дружење или пречек на гостите при доаѓање и заминување, каде во нивна потреба се големата тераса и потребните содржини (тоалет, ладилник, решо...). Во својот состав вбројува и 16 убаво уредени (1/2, 1/3 и 1/4) студија, распоредени на приземје и трите ката од вилата. Сите студија се опремени со тоалет и мини кујна, клима и ТВ уред, како и сопствен балкон со тенда. Вилата има Wi-FI интернет согласно основните потреби за комуникација. Паркингот за сопствните возила е можен во непосредна близина на објектот.
 
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
 
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
 
 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употребата на клима уред (ac+) се доплатува во објектот (3-5€/на ден, каде што е достапен).
Доплата за туристичка такса 2
(се плаќа во објектот).
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
 преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 
 
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)