VILLA OLYMPIA

Villa Olympia е лоцирана на околу 250м од големата песочна плажа, во третата линија на објекти и непосредна близина на кружниот тек во стариот дел на Неи Пори. Како објект, таа се карактеризира со убаво организиран двор, како и со повеќе различни единици и капацитети за сместување. Студијата и апартманите се наменети за сместување на 2 до 4 лица на гости и истите се распоредени на вториот и третиот кат од објектот. Секое студио и апартман има соодветна опрема на мебел и мини кујна, бања со тоалет, тераса, ТВ и клима уред (со доплата), како и WiFi интернет. Паркингот за патнички возила, е можен во близина на објектот.
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА

 Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
 
 
 
 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
-
За употреба на клима уред (ac+) во OLYMPIA се доплатува во објектот (7€/ден, каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 2 (се плаќа во објектот).
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)