Вила АМОС

Локација: Вила Амос e во центарот на случувањата, бидејќи се наоѓа на главното шеталиште наКалитеа и на само 3 минути пеш од прекрасната плажа до која има пристап БЕЗ СКАЛИ.

Сместување: Амос има 20 удобни и просторни студија “B”категорија кои се целосно опремени со кујна, клима уред (вклучен во цената) , ТВ, бања и балкон која гледа према шеталиштето или задната страна на вилата. За комплетна удобност и релаксирање. сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе го направи престојот удобен и безгрижен.                 

o   Студио 1/2 – еден брачен кревет, опремена кујна, ТВ, бања, клима уред и тераса.

o   Студио 1/3 –еден брачен кревет и еден единечен кревет, опремена кујна, ТВ, бања, клима уред и тераса.

o   Студио 1/4 – два брачни кревета или еден брачен и два единечни кревета, опремена кујна,ТВ, бања, клима уред и тераса.

-          Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.

-          Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања

ТЕРМИН ОД:

НОЌИ

1/2 Студио

1/3 Студио

1/4

Студио

24.05

7

79

79

139

31.05

7

89

129

149

07.06

7

129

179

189

14.06

7

189

199

319

21.06

7

229

239

339

28.06

7

329

349

409

05.07

7

399

419

469

12.07

7

409

419

499

19.07

7

429

459

529

26.07

7

469

499

579

02.08

7

469

499

579

09.08

7

469

499

579

16.08

7

469

499

579

23.08

7

429

459

529

30.08

7

289

319

369

06.09

7

189

209

349

13.09

7

149

159

209

20.09

7

109

119

179

27.09

7

79

89

129

Задожолжителна доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

Превозот се доплаќа:

Возрасен               45повратен / 35 еден правец

Деца од 02-12г.   35 повратен / 25еден правец

Деца до 2г.           Бесплатно (без седиште). 

-          Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

-          Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,

-          Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

-          Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 НАПОМЕНА

-          Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;

-          Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);

-          Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);

-          Секоја направена штета се плаќа на лице место;

-          За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.

-          Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.

-          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

-          Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.

-          Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.

-          За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.

-          За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.

-          Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;

-          Задолжително патничко осигурување.

-          Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.