VILLA BISERA

Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај  на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет. Паркингот е можен на улиците во неговата близина.

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
 
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
 
  • Цените се дадени за наем на студио за 7  ноќевања (без превоз)
 

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Доплата за туристичка такса 2 € (се плаќа во објектот).
Клима уредот (ac) е бесплатен. 
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
 преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 - 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:    Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .