П Р А Г А
со
 посета на Дрезден

19 април (сабота)СКОПЈЕ – ТИРАНА - ПРАГА

Состанок  на група на ул. Македонија во 11.00ч.и поаѓање кон Тирана. Авионот за Прага на Визер полетува во 18.20 часот. Слетување во Прага во 20.25 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

20 април (недела) ПРАГА 

Појадок. Разглед на градот во придружба на локален водич: Храдчани- еден од најголемите замоци во светот, кој е и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост (најстариот градски мост, воедно и најпознатото градско обележје и го поврзува Стариот град со другиот брег на Влтава - Мала Страна), Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад , астрономски часовник, плоштадот Вацлав… Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта, посета на чешки ресторан - пивница со шоу програма и можност да се проба традиционална храна и Пилснер пиво. Совршен начин да се доживее традиционална чешка вечер! Ноќевање.

21 април (понеделник)ДРЕЗДЕН

Појадок. Целодневен излет во Дрезден.  Град кој поради своето културно значење и барокните градби го нарекуваат и Германска Фиренца. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата, богатсво на прекрасни градби како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска  Богородична црква Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Августовиот мост... Враќање во Прага.  Ноќевање.

22 април (вторник)ПРАГА - ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава, пловење покрај најпознатите згради и споменици на „Златниот град“. Трансфер до аеродромот во Прага. Летот кон Тирана е во 21.00 часот. Трансфер до Скопје.

 

Цена за уплати до 07.02:539 евра (33.420 мкд)

Цена на аранжманот:         599 евра  (37.140 мкд )

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Трансфер Скопје-Тирана-Скопје
  • Авионски превоз на релација Тирана-Прага-Тирана
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром 
  • Сместување во хотел Olympik Congress 4* во Прага на база 3 ноќевања со појадок 
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / 20кг

(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

  • Туристичка такса 560 мкд   (се плаќа во агенција )
  • Посета на традиционален чешки ресторан
  • Посета на Дрезден 65 евра
  • Крстарење по Влтава 20 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз 
  • Патничко – здравствено осигурување 
  • Доплата за еднокреветна соба 10.500 мкд 

Напомена: 

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. 

Дете од 2 до 5 год. на дополнително легло добива попуст од 80 евра. Дете над 5 год. плаќа цела сума.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари. 

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите. 

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ... 

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.