НЕАПОЛ – СОРЕНТО – ПОСИТАНО – АМАЛФИ – КАПРИ – ПОМПЕЈА

 

16Април    Скопје – Тирана – Неапол

Состанок на групата во Скопје во 08.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Неапол во 17.35 и пристигнување во 19.00 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

17Април    Неапол

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: сместен во срцето на Наполи, плоштадот Пјаца дел Плебисито е еден од најголемите, а тука се наоѓаат Кралската палата, Галеријата Умберто, театарот Сан Карло, замокот Castelo Nuovo, Фонтаната на Нептун, пристаништето и Палатата на Имаколатела... Преку Виа С. Грегорио Армено, живописна уличка позната по занаетчиските продавници. Рагледот завршува со посета на катедралата Сан Франческо посветена на светецот – заштитник на Неапол. Слободно попладне. Задолжително е да пробате наполитанска пица. Препорачуваме да ги посетите двата прекрасни плоштади: Пјаца деи Мартири, фантастично место за седење, уживање во еспресо, за опуштена и шармантна атмосфера. За боемска атмосфера и доколку сакате да го искусите ноќниот живот на Наполи, посетете го плоштадот Пјаца Белини, се наоѓа во шпански кварт, едно од најживите и најавтентичните населби во Наполи. Познат по своите шарени графити, трендовски барови и музика во живо. Истражете ги тесните улички околу плоштадот за да откриете некои од најдобрите локални барови, пицерии... Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

18Април   Соренто – Позитано - Амалфи  

Појадок. Факултатива целодневна екскурзија со организиран трансфер и локален водич: На туристичката мапа обележани како места кои мора да се посетат, Соренто, Позитано и Амалфи... ова патуватување се смета за едено од најспектакуларните во Европа поради прекрасните пејзажи, а возењето покрај самиот брег го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај брегот го комплетираат впечатокот. Позитано, една од најубавите разгледници, некогашното рибарско село, живописно и романтично, а овековечено во многу американски филмови. Амалфи, некогашната моќна поморска сила по која го добил името целиот брег. Самиот град е под заштита на УНЕСКО, тој е бисер на средновековната архитектура со тесни улички, прошетка до катедралата Св.Андреј со импресивните скалила и декоративната фасада. Соренто го нарекуваат Сончевиот Град, со неверојатено воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, а во подножјето бистрата тиркизна вода на Тиренското Море... Враќање во хотел. Ноќевање.

19Април    Капри  

Појадок. Факултатива целодневна екскурзија со организиран трансфер, брод и локален водич: спој на природни убавини, стара архитектура и гламур... да се доје на Капри или како го нарекуваат „островот на љубовта“ за да се вкуси италијанската „бела вита“ во најавтентичната форма, да се проба познатото лимончело и да се препуштете се на шармот... По пристигнувањето во пристаништето Гранде Марина со организиран превоз посета на гратчето Ана Капри, вечниот соперник на градот Капри од средниот век, прошетка со локален водич и слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione, симболот на островот, Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век… Можност за прошетка низ старите улици со сувенирници. Враќање во хотел. Ноќевање.

20Април  Помпеја- Неапол – Тирана – Скопје

Појадок. Полудневен факултативен излет до Помпеја - трансфер и локален водич до  археолошкото  наоѓалиште Помпеја. Градот бил потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година, кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала”, а случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин се сочувала единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили…Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Тирана во 19.35 и пристигнување во 20.50часот. Организиран трансфер до Скопје, пристигнување во раните утрински чсови.


попуст за ранa уплатa до 07.02:    629 €  / 39.000 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 689 €  / 42.720 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Тирана – Неапол – Тирана

Аеродромски такси

Трансфер Скопје – Тирана – Скопје

Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во Хотел TIEMPO 3*  на база 3 ноќевања со појадок.

Организиран разглед на Неапол

Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  / чекиран багаж - куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Туристичка такса 1.250 мкд  - се плаќа во агенција

Карти за јавен превоз (метро)

Патничко-здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 9.900 мкд

Цена на факултативи:

Соренто – Позитано - Амалфи    -  140 евра - вклучено трансфер, слушалки, лиценциран водич.

Капри130 евра – вклучено трансфер, брод, слушалки, лиценциран водич.

Помпеја - 120 евра - вклучено трансфер, резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич.


Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.