НОВА ГОДИНА 2025 > ХЕРЦЕГ НОВИ

ДОЧЕК НА НОВАТА 2025 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ЦЕЦА РАЖЊАТОВИЌ , ВОЈАЖ, ЦРВЕНА ЈАБУКА И БРЕСКВИЦА

(29.12.2024 – 03.01.2025)

Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година? Во малиот рај на Црногорското приморје каде чудно е како и сонцето заоѓа кога ваква убавина никаде нeма да најде… Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното... Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова...

Прв ден: 29.12.2024 (недела)

20:00 часот заминување на групата кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 30.12.2024 (понеделник)

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Сместување на групата во хотелот „Wellness & Spa Hotel ACD“4 **** (https://www.acd.co.me/ ) во Мељине, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата Херцегновачка ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со Wellness и Spa центар (сауна, тушеви, турско купатило, солена соба, ледена соба). Во договореното време заминуваме кон центарот на Херцег Нови на организиран разглед со локален туристички водич.  Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 31.12.2024 (вторник)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на Плоштадот во Игало со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Цеца Ражњатовиќ и популарниот Војаж чии модерни и урбани песни ја привлекуваат младата публика. Со својот специфичен музички стил и хитовите кои ги освојуваат топ листите, Војаж ќе придонесе за современ, младешки дух за Дочекот на Новата Година. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 01.01.2025 (среда)

Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах... Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Херцег Нови. Пред нас е уште една незаборавна вечер со членовите на музичката група Црвена Јабука и една од најпопуларните и најинтересните српски музички имиња- Бресквица. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 02.01.2025 (четврток)

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските  часови во петок, на 03.Јануари.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........229 евра (14.200 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

-          Превоз со туристички автобус

-          Три ноќевања со појадок во хотелот „Wellness & Spa Hotel ACD“4 **** во Мељине-Херцег Нови

-          Користење на спа центарот во хотелот

-          Организиран разглед на градот со локален туристички водич

-          Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич

-          Организација на патувањето и  туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

        -      Доплата за еднокреветна соба- 80 евра (за трите вечери)

-          Туристичка такса– 1,50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

-          Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници