ПРАГА
1 ден 28.12.2024СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 29.12.2024ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 30.12.2024ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Вечерта препорачуваме посета на традиционална пивница со вечера и шоу програма. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање .
4 ден 31.12.2024ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.Целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.
5 ден 01.01.2025ПРАГА – OUTLET FREEPORT - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
6 ден 02.01.2025 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2024 : 239 € / 14.820 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259 € / 16.060 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел Centrum 3* НП во Прага
- Организација и водство на програмата
- Посета на Виена
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 ден
- Разглед на Прага со локален водич (20€)
- Факултативен излет Карлови Вари (35€)
- Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден
- Доплата за избор на седиште во автобус 20€
- Крстарење со брод по Влтава (20€)
- Целодневна посета на Дрезден (45€)
- Туристичка такса 2 евро по лице на ден
- Влезници за музеи и локалитети
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НОВА ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.