БОЖИЌНИ БАЗАРИ > КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

07.12.2024 Сабота СКОПЈЕ-КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

08.12.2024Недела   КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

09.12.2024 Понеделник  КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30ч со попатна посета на ЛИДЛ маркетот во Прокупље. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 31.10: 175 € / 10.850мкд

Цена на аранжманот 195 € / 12.090мкд

Цената на аранжманот вклучува:

-Автобуски превоз на наведената релација.
-Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
-Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
-Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
-Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
-Туристичка такса

Цената на аранжманот не вклучува:

-Задолжително патничко осигурување.
-Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и доплати:

-Дете до 7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
-Дете 7-12 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло плаќа 90€/5.580ден
-Доплата за сместување во Апартман -20€/ 1.240ден по лице за две ноќевања (на барање)
-Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
-Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник
**Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни+1 дете до 11.99 +1дете до 2.99г.)

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.