ЛУКОВА БАЊА
07.12.2024Сабота СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*. Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
08.12.2024Недела ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови). Вечера. Ноќевање.
09.12.2024Понеделник ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30ч со попатна посета на ЛИДЛ маркетот во Прокупље. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Промо цена за резервации до 31.10: 165 € / 10.230мкд
Цена на аранжманот 185 € / 11.470мкд
Цената на аранжманот вклучува:
-Автобуски превоз на наведената релација.
-Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
-Користење на отворено – затворен базенсо термална вода со температура од 33-35⁰C
-Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, парна бања, тепидариум, солена соба
-Користење на фитнес сала, детска игротека и сала за забава
-Туристичка такса
Цената на аранжманот не вклучува:
-Задолжително патничко осигурување.
-Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и доплати:
Деца до 7 год- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел-плаќаат само превоз 35€ / 2.170ден
Дете од 6-12 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80 € / 4.960ден
Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
Доплата за еднокреветна соба 30 € / 1.860ден за две ноќевања
Намалување за сопствен превоз -10 € / 620ден од патник.
**(Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 10год. или 2 возрасни + 1 дете до 10 год + 1 дете до 4 год.).
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.