БОЖИЌНИ БАЗАРИ > ТЕМИШВАР-СИБИУ

ТЕМИШВАР-СИБИУ

06.12.2024 Петок   СКОПЈЕ-ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани,Штип,Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

07.12.2024 Сабота  ТЕМИШВАР
Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата - поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,... Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Враќање во хотел. Ноќевање

08.12.2024 Недела   ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Овој Замок има непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките.

Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде не очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз. Слободно време за уживање вo Божиќниот пазар. Враќање во хотел. Ноќевање

09.12.2024Понеделник  ТЕМИШВАР - БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. . Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’ на улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан.Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ во Скопје.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 31.10: 129/ 8.000 мкд

 Редовна цена на аранжман: 159 € / 9.860 мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Aвтобуски превоз
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
-Разглед на Темишвар со локален водич
-Туристички придружник од агенција


Во цената на аранжманот не е вклучено:

-Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар- 5€

-Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу-60еур

-Туристичка такса-3€ по лице за двата дена (се доплаќа во бус)

-Патничко здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд

- За деца до 3 години- 50€  за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.

- За деца од  3 год. до 12 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

НАПОМЕНА И ДОПЛАТИ:

** Факултативните екскурзиите  се плаќаат во автобус. Патникот при уплата на аранжман задолжително се изјаснува на кои екскурзии ќе присуствува.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.

 За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.

Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.

Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства

Агенцијата го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест

Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.