БОЖИЌНИ БАЗАРИ > БУДИМПЕШТА

БУДИМПЕШТА

ПРВ ДЕН 06.12 (петок) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата кај хотел Континентал околу 17: 30 часот, тргнување околу 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 07.12 (сабота) – БУДИМПЕШТА
Планирано пристигнување во Будимпешта во утринските часови, каде следува панорамски разглед на градот: плоштадот на хероите во Пешта, кој е Величествен архитектонски комплекс изграден кон крајот на 19-от век, Парламентот кој е една од најголемите згради од овој тип на светот, а тука се наоѓа и базиликтата на Свети Стефан, Кралската палата, потоа возењето продолжува кон авениите: Андраши каде се наоѓаат раскошни палати, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Ќе се насладите на прекрасните глетки од мостовите на градот, кои се симболот на градот, сето тоа збогатено со неверојатната божиќна атмосфера. Ќе имате прилика да го видиме и познатиот Лавји Мост, кој ќе не однесе во Будим. По разгледот следува сместување во хотел, се до попладневните или вечерните часови кога се упатуваме на прекрасното едночасовно крстарење со брод по реката Дунав. Ова крстарење е неизбежен дел при посетата на овој град каде ќе уживате во прекрасно осветлените градби на градот.. по крстарењето враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 08.12 (недела) – БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Следниот ден после појадокот, следува околу тричасовна посета на престолнината на големото царство и уметноста, Виена и познатиот панорамски разглед на градот каде ќе ги видиме булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Свети Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун еден од најважните културни споменици во Австрија кој до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена.. Слободно време за прошетка низ центарот на Виена и во договорено време враќање кон Будимпешта.По стигнувањето, можност за посета на ЧАРДА, (по желба) место кое е познато по доброто расположение и стариот добар угостителски живот и како некогаш функционирале чардите. Тука ќе уживате во нивната музика, традиционалниот специјалитет гулашот и унгарските традиционални танци, каде ќе си поминете одлично и ќе ја доживеете културата на унгарскиот народ на вистински начин. Можност индивидуално со градски превоз да прошетате по улицата Ваци, која е најпознатата улица во Будимпешта, позната по кафулињата, рестораните и продавниците за шопинг.
Ноќевање

ЧЕТВРТ ДЕН 09.12 (понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СЕГЕДИН – СКОПЈЕ
По појадокот следува напуштање на хотелот и следи посета на барокниот град Сент Андреа, кое е доста живописно место, каде се негуваат народните ракотворби и старата архитектура. Изобилува со винотеки, музеи, галерии и цркви. По слободното време, се упатуваме кон градот Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Сегедин е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг. Во договорено време, поаѓање за Македонија. Пристигнувањето е предвидено во доцните ноќни или утринските часови на 10.12 (вторник) во зависност од гужвите на граница.

ПРОМО ЦЕНА: 149 евра со задолжителен пакет факултативи 85 евра (редовна цена 95 евра),
РЕДОВНА ЦЕНА: 179 евра без пакет

*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите места предвидени во програмата. Во пакетот спаѓа разглед на Будимпешта, крстарење по Дунав, посета на Виена и Сент Андреа. Посетата на Чарда не е вклучена во пакетот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Две ноќевања во хотел 3*со појадок во Будимпешта
  • Автобуски превоз по програмата
  • Посета на градот Сегедин
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително патничко осигурување-350 денари
  • Задолжителна туристичка такса – 2.5 евра по лице по ноќ
  • Панорамски разглед на Будимпешта со водич – 15 евра
  • Крстарење со брод по Дунав – 25 евра
  • Посета на Виена – 40 евра
  • Посета на Сент Андреа -15 евра
  • Чарда – вкусот на традицијата на Унгарија (со музика и танци) мени: пециво, предјадење, главно јадење гулаш, десерт, кафе, бело и црвено вино, со вклучен превоз – 40 евра

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.