БОЖИЌНИ БАЗАРИ > ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-ВЕРОНА-ТРСТ

ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-ВЕРОНА-ТРСТ

Прв ден – 06.12 (петок)
Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

Втор ден – 07.12 (сабота)
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

Трет ден – 08.12 (недела)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.

Четврт ден – 09.12 (понеделник)
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во Божиќната атмосфера.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.

Петти ден 10.12 (вторник)
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

Промо цена 139 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 80 евра, (плаќање на факултативите во автобус).
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 евра.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во областа Венето или Лидо ди Јесоло, на база две ноќевања со појадок
  • Автобуски превоз на наведените релации
  • Разгледите според програмата
  • Посета на Трст и трговскиот центар Палманова
  • Услуги од туристички професионален водич – пратител
  • Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ (воведена од 01.05) се плаќа на лице место (доколку се плаќа)
  • Трошоци за патничко осигурување за целиот престој – 350 денари
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • Индивидуални трошоци

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

  • Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30 евра 
  • Факултативна посета на Верона и Милано со водич (55€)
  • ПАКЕТ со сите излети во вредност од 85 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 80 евра (плаќање во автобус)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.