Егзотични Патувања > СИНГАПУР-БАЛИ-КУАЛА ЛУМПУР

СИНГАПУР-БАЛИ-КУАЛА ЛУМПУР

Датум на патување: 27.04-08.05 // датум на престој: 28.04-07.05.2024

Сингапур 28-30.04 (2ноќи), Бали 30.04-05.05 (5ноќи) и Куала Лумпур 05-07.05 (2ноќи)

СИНГАПУР се наоѓа во југоисточна Азија, на јужниот дел од Малезија, северно од Индонезија. Сингапур е светски центар на образованието, финансиите, здравството, човечкиот капитал, иновациите, логистиката, производството, технологијата, туризмот, трговијата и транспортот. Сингапур се вбројува меѓу најбезбедните, нај конкурентните и најмалку корумпираните земји во светот. Според " Индекост на демократија", земјата е опишана како ''несовршена демократија''. Поради ова е и наречен "Град на иднината".

БАЛИ е единствен, Бали е неспоредлив. Не постои друго место како Бали на овој свет. Магичен спој на култура, луѓе, природа, активности, временски услови, кулинарски задоволства, ноќен живот и прекрасно сместување. Бали е многу повеќе од плажа, сонце и забава. Бали има прекрасни животни од светска класа, семејни паркови и паркови за атракција, неверојатна природа, традиционални села, морски животи, фасцинантни храмови.

КУАЛА ЛУМПУР главен град која представува блескава дестинација за патниците.  Позната како како KL, може да се пофали со модерни градби како и градби од минатото.

 

 

Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари
Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување на барање.

ПРОГРАМА ВАЛИДНА ЗА МИН 15 ПАТНИЦИ

Детали од лет
TK1004 27APR  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ  0840 1115/ TK 208 27APR  ИСТАНБУЛ-СИНГАПУР  1700 0845*
TR 280  30APR  СИНГАПУР-ДЕНПАСАР   0710 0950/ MH 714  05MAY  ДЕНАПСАР-КУАЛА ЛУМПУР   1255 1600
TK  61  07MAY  КУАЛА ЛУМПУР-ИСТАНБУЛ  2305 0455*/ TK1003 08MAY  ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ  0725 0750

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Сингапур- Бали (Денпасар) -Куала Лумпур-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines/внатрешни локални компании сo вклучен багаж од 20 кг, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 2ноќи Сингапур+5ноќи Бали+2 ноќи Куала Лумпур во наведениот хотел (или сличен на тој), наведен тип на соба / наведена услуга НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
  • Трансфери Aеродром – Хотел – Аеродром во Сингапур/ Бали и Куала Лумпур 

Цената не вклучува:

  • Туристичка виза за Бали 130€
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури / ДОПОЛНИТЕЛНО
  • Други индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.

Услови:

• При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање.
• Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
• За ова патување не се потребни медицински имунизации
• Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
• Задолжително патничко осигурување

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.