- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
Врњачка Бањa
10 октомври (сабота) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊA
Состанок на групата на паркингот пред СЦ “Борис Трајковски” во 05:30 часот. Поаѓање за Врњачка Бања во 06:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Врњачка Бања во пладневните часови. Пешачки разглед на познатото туристичко место: мостот на љубовта, Замокот на културата, Римскиот извор, Изворот Езеро, Замокот Белимарковиќ… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
11 октомври (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА – ВРАЊАЧКА БАЊА
Појадок. Факултативен излет со посета на средновековен манастир Жича, подигнат во првата половина на 13 век од Стефан Немањиќ и неговиот брат Свети Сава. Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидулани активности или одомор со релаксирање во спа центарот на хотелот. Ноќевање.
12 октомври (понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – НИШ – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Врњачка бања со попатна посета на градот Ниш – родното место на најпознатиот Византиски Цар – Константин. Панорамски разглед на градот: плоштадот на Кралот Милан, пешачката зона, тврдинскиот мост, Нишката тврдина од 18 век, реката Нишава… Моност за шопинг во тамошниот Делта центар. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 150€ (9.300,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи и посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен излет до Манастирот Жича (15 €)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко здраствено осигуривање (информации во агенцијата)
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници





There are no comments yet.