- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
ИСТАНБУЛ
02.10-05.10 / 23.10-26.10.2026
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје мин. 2 часа пред летот.Директен лет за Истанбул во 11:15 часот. Пристигнување во Истанбул во 13:40 часот.Органииран трансфер со автобус и посета на Таксим Плоштадот,Истиклал улицата и Галата Кулата. Трансфер и сместување во хотел.Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на Истанбул со посета на Долма Бахче Палата, престој 1 час -(влезницата се плаќа). Разгледот продолжува со преминување на азиската страна на Истанбул и посета на плоштадот Ускудар, Моминската Кула, населбата Кузгунџук, позната по колоритните куќи од турските серии и ридот Чамлиџа. Враќање во хотел. Вечерта, ноќно крстарење по Босфор, со вечера, неограничени пијалоци и традиционални и модерни турски претстави (влез 45 € –престој 3 часа). Враќање и сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Поаѓање кон Еминону – бродската станица за крстарење по Босфор. Двочасовно крстарење со брод кон Црното Море, со поглед на крајбрежјето на Истанбул, Европа и Азија од бродот (влез 15 € – престој 2 часа). Поаѓање кон палатата Топкапи – зимскиот дворец на султанот(престој 2 часа). Посета на Сината џамија Султан Ахмет (влез слободен,престој 30 минути).Поаѓање кон Света Софија (влезницата се плаќа) и обиколка на Хиподромот, некогашен спортски и општествен центар на Византиската империја, денес плоштад Султанахмет. Турата продолжува со организиран превоз со ридот Пиер Лоти и населбата Балат, а завршува со посета на познатата Капали Чаршија. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Посета на Аквариумот (влез 30 € – престој 2 часа).Посета на трговски центар со слободно време за шопинг.Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:05 часот. Во цената се вклучени следниве услуги: Авионска карта на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Пегасус.
ЦЕНА од 330еур ( 20.460 мкд )
Во цената се вклучени следниве услуги:
– Авионска карта на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Пегасус
– Аеродромски такси
– Рачен бесплатен багаж 3kg
– 3 ноќевања со појадок во хотел Comfort Life Istanbul или сличен
– Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
– Организирани трансфер според програмата
– Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој
Напомена: Цената на аранжманот е променлива – во зависност од расположливост на места.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Во цената не се вклучени следниве услуги:
– Сѐ што не е наведено во програмата
– Влезница за во објектите и културно-историски споменици
– Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
– Патничко осигурување
– Такса за престој во Истанбул 2.5 евра по лице по ноќевање
Факултативни тури:
- Крстарење со брод по Босфор 1,5 – 2 часа за разгледување на Европа и Азија 15€.
- Крстарење со претстава и вечера 45€, вклучува: превоз од хотелот во двата правци, претстава со танчери и диџеј, специјална вечера,неограничени безалкохолни пијалоци. Трае 3 часа.
- Посета на аквариумот 30 €
Општи услови:
– Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето
– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
– За резервација задолжителна уплата од 100%
– За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
– Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците.





There are no comments yet.