+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца • A

Истанбул (3ноќи)-11.10.2026

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
Истанбул (3ноќи) Прв ден 08.10.2026 Состанок на групата, пред паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации за начинот на реализација.Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во...

Опис на патувањето

Истанбул (3ноќи)

Прв ден 08.10.2026
Состанок на групата, пред паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации за начинот на реализација.Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата.Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.

Втор ден 09.10.2026
Пристигнување на групата во Истанбул-Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Check in во хотелот е после 14:00 часот.По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник  се упатувате    пешачка тура за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.Во договорено време со водичот започнува првиот факултативен излет.
Палатата Јилдиз-Едно од најубавите историски места во Истанбул, опкружено со прекрасни градини и зеленило.
Во комплексот може да се видат раскошни палати, павилјони и простории украсени со впечатлива архитектура и детали од времето на Османлиската империја. Место каде што на секој чекор се чувствуваат историјата, традицијата и раскошот на едно минато време. Прекрасно место за прошетка, фотографии и уживање во магичната атмосфера на Истанбул.
Слободно време за прошетка низ Палатата Јилдиз-По посета на Палатата Јилдиз се упатуваме  кон Ортаќој.Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во ОртаќојСместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .Враќање во хотел.Ноќевање.

Трет ден 10.10.2026
По појадокот групата има слободно време,по договореното време се одржува и задолжителната факултатива  посета на Балат и Таксим.
Балат–Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Таксим Плоштадот-Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

Четврти ден 11.10.2026
По појадокот започнуваме со целодневно уживање во Истанбул.
Крстарење по Босфор-90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи-Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу-Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул, која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година. Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни. Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој-Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа-џамија-Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии  во Истанбул.Пауза за уживање и фотографирање.Враќање кон хотел.Ноќевање.

Петти ден 12.10.2026
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.По шопингот, поаѓање кон Македонија.Пристигнување во Македонија после полноќ.

Цена:139еур (8.620 мкд)

Во цената е вклучено:

  • Три ноќевања и појадок во хотел со 3*
  • Автобуски превоз
  • Туристичка такса
  • Лиценциран туристички придружник
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
  • Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “

Во цената не е вклучено:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување

 

Палатата Јилдиз и Ортаќој-Цена за пакет: 25e

  •  Yıldız Sarayı -Палатата Јилдиз
    Едно од најубавите историски места во Истанбул, опкружено со прекрасни градини и зеленило.
    Во комплексот може да се видат раскошни палати, павилјони и простории украсени со впечатлива архитектура и детали од времето на Османлиската империја. Место каде што на секој чекор се чувствуваат историјата, традицијата и раскошот на едно минато време.
    Прекрасно место за прошетка, фотографии и уживање во магичната атмосфера на Истанбул.
  • Ортаќој
    Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
    Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

Балат & Таксим Плоштад (ЗАДОЛЖИТЕЛНА)-Цена за пакет: 25e

  • Балат
    Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
  • Таксим плоштад
    Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР , БЕЈЛЕРБЕИ, ПАЛАТА ЌУЧУКСУ, КАДИЌОЈ , БУЈУК ЏАМЛИЧА ТЕРАСА-Цена за пакет: 85e

  • Крстарење по Босфор
    Ви нудиме 2 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул
  •  Бејлербеи

Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.

  • Палата Ќучуксу
    Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
  • Кадиќој
    Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
  • Чамлиџа-џамијаЧамлиџа-џамија- Çamlıca Camii— џамија во округот Усќудар на градот Истанбул и најголемиот муслимански храм во Турција. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила

ВИП ПАКЕТ-Цена за пакет: 125e
Вип пакетот вклучува посета на сите атрактивни знаменитости .

 

 

 

 

Истанбул (3ноќи) Прв ден 08.10.2026 Состанок на групата, пред паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации за начинот на реализација.Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    Истанбул (3ноќи)-11.10.2026

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *